Модели

Škoda Fabia Безбедност и удобност

Безбедноста на прво место

До девет воздушни перничиња прецизно усогласени со автоматските безбедносни појаси со три точки и сигурносни потпирачи за глава кои ги штитат возачот и патниците од повреди. Не помалку важни се цврстата структура на каросеријата и широкиот опсег на системи за безбедност и помош на возачот.

Škoda Fabia Безбедност и удобност

Привлечни и интелигентни

Многумина би се задоволиле со атрактивниот изглед, но новата Fabia е навистина паметна. На гордниот дел од таблата со инструменти се наоѓа виртуелен кокпит со дисплеј од 10,25 инчи, нуди пет различни прикази и може да ја прикаже навигацијата. Инфозабавен систем со екран до 9,2 инчи, амбиентално осветлување и звучниот систем Škoda се исто така достапни за вашата Fabia.

Škoda Fabia Безбедност и удобност

Климатизација

Двозонскиот систем за климатизација "Climatronic" е достапен за прв пат како опција за новата Fabia. Благодарение на овој систем, можете целосно автоматски да уживате во пријатното чувство на возило кое е секогаш на иста температура. Возачот и совозачот можат сами да ја постават саканата температура. Сензорот за влажност го намалува замаглувањето на шофершајбната и обезбедува уште поудобна внатрешна атмосфера.

Оваа страница е дополнителен дел од почетната страница. Кликнете на копчето за да се вратите кон почената.

Назад кон претходната страна