Модели

Детали

ŠKODA KODIAQ

Димензии

KODIAQ е првото возило на ŠKODA што нуди место за до седум патници.

Должината на KODIAQ е помеѓу димензиите на Octavia и на Superb, но во однос на понудата за места, тој води во SUV-сегментот. Со меѓуоскино растојание од 2791 mm и ширина од 1586 mm напред и 1576 mm назад, понудата на простор за патниците и багажот добива една целосно нова димензија.

Димензии на 5-сед
Димензии на 7-сед

Безбедност

Сопирачка за повеќекратен судир

Сопирачката е активна, ако сензорите (сензори за воздушни перничиња, за забрзување и за притисок) препознаат судир. Притоа се врши автоматско успорување на возилото до 10 km/h со помош на ESC. За да се предупредат и другите учесници во сообраќајот,системот ги активира и предупредувачките трепкачи додека возилото мирува и стоп-светлата постојано светат. Возачот може во секое време самиот да интервенира во процесот. Доколку го притисне педалот
за сопирање, интервенцијата при сопирањето се прекинува.

Систем за помош на предни тркала со вкл. препознавање на пешаци и City систем за помош за вонредно сопирање

Системот за помош на предните тркала, со помош на сензорите на тркалата и при растојание од 30 km/h препознава критични ситуации на растојание до возилото пред Вас и го предупредува возачот звучно и со напомена на инструментната табла за можен судир. Доколку возачот не реагира, тој уште еднаш е предупреден за незгодата што се заканува предизвикана од судир со еднократно кратко притискање на сопирачката. При притиснување на педалот за сопирање, силата на сопирање е веднаш целосно достапна. Во друг случај, системот за помош на предните тркала воведува и автоматско делумно сопирање. Доколку не е доволен притисокот на сопирачките,
исто така дополнително се вклучува и системот и ја зголемува ефективноста на сопирачките,
така што возилото може да се доведе до состојба на мирување уште пред судирот (автоматско целосно сопирање).

Системот за препознавање пешаци што за првпат е воведен со KODIAQ функционира во полето на брзина од 10 до 60 km/h. Системот го скенира претстојниот дел од патеката. Ако се препознаат лица, системот е во состојба автоматски да запре односно дури и целосно да го доведе возилото до состојба на мирување. На тој начин, безбедноста на пешаците драстично се зголемува. Системот дополнително предупредува за судир и при брзина од 40 km/h.

Возење

Погон на сите тркала

Со ламелестата спојка на сите тркала, распределбата на моќноста на оските се приспособува зависно од брзината и тракцијата. Притоа, ламелестата спојка ја презема распределбата на погонската сила на задните тркала и без интервенција на возачот овозможува секогаш да се распределува токму потребниот вртежен момент на четирите тркала. За таа цел, контролна единица постојано го пресметува идеалниот вртежен момент за задната оска и соодветно го приспособува притисокот на ламелите на спојката. Резултатот од тоа е најдобра прилепеност, дури и на лоша подлога, како кал или снег.

Технологии

Активно управување со цилиндри ACT

ACT = активно управување со цилиндри. При возење со број на вртежи помеѓу 1.400 и 4.000 U/min и при брзини до 130 km/h, независно од избраниот степен, може целосно незабележливо да се деактивираат два од четирите цилиндри. Со тоа се оптимира дејството на моторот.

Start-Stop систем

Идејата зад Start-Stop системот се состои во тоа, моторот да се исклучи секој пат кога неговата работа е непотребна. Поради тоа, тој особено во градскиот сообраќај е од голема користи бидејќи значително ја намалува потрошувачката на гориво.

Препорака за менување степени

Поставувајќи го правилниот степен, може да се заштеди гориво и истовремено да се зголеми комфорот при возењето. Помалата брзина на моторот ја намалува потрошувачката и овозможува помала бучава. Препораката за менување степени се појавува добро видлива за возачот со сопствен симбол во горниот десен раб на дисплејот.

Селективна каталитичка редукција SCR

SCR значи дека овие мотори се опремени со систем за дополнителна обработка на издувни гасови во повеќе нивоа (филтер за дизел честички и SCR-катализатор). SCR-катализаторот селективно, без да се создадат несакани нуспроизводи, ги претвора компонентите на издувниот гас од азотен оксид (NOx) во азот (N2) и вода (H2O) .

Оваа страница е дополнителен дел од почетната страница. Кликнете на копчето за да се вратите кон почената.

Назад кон претходната страна
Оваа страница користи колачиња за најдобро можно корисничко искуство. Со користење на нашата веб-страница, се согласувате дека колачињата се зачувани на вашиот уред.
Прифатете и продолжете