Модели

ŠKODA KODIAQ Connectivity

Infotainment Online

Благодарение на оваа услуга за информирање, секогаш имате поглед во актуелната состојба во сообраќајот: со системот за навигација, сообраќајните пораки, приказот на цените на горивото, местата за паркирање, напомените за временската состојба и многу повеќе.

ŠKODA KODIAQ Connectivity

Информации за сообраќајот

Интернетот секогаш ви ја покажува најдобрата рута: благодарение на актуелните информации за сообраќајот, при секое возење имате совршена прегледност. Освен тоа, можете директно да реагирате на актуелниот развој на настаните, како што се градилишта или застои.

ŠKODA KODIAQ Connectivity

Пристап преку вашиот телефон

На вашиот паметен телефон ви се прикажува точната позиција на вашето возило и на големи паркинзи, вклучувајќи ја и адресата, времето и датумот на паркирање.

ŠKODA KODIAQ Connectivity

СОС копче

Кон пакетот connectivity на KODIAQ припаѓа и врска за итен повик. Со притискање на црвеното копче под покривот на возилото се активира системот за итен повик. При незгода со отворање на воздушното перниче итниот повик автоматски се воспоставува.

ŠKODA KODIAQ Connectivity

Smart Link

Благодарение на Smart Link (Mirror Link™, Apple Car Play и Android Auto) можете безбедно да го користите вашиот паметен телефон додека сте на пат преку Infotainment системот. Тоа важи и за избраните апликации на вашиот паметен телефон, коишто се сертифицирани за користење во возилата и коишто се компатибилни со Mirror Link™, Apple Car Play и Android Auto.

ŠKODA KODIAQ Connectivity

"Columbus"

Системот за радио и навигација "Columbus" се управува удобно преку 9.2" екран на допир. Кон обемот на функциите се вбројуваат Bluetooth, Smart Link и WLAN. Со по четири звучници напред и назад совршениот звук е целосно загарантиран.

ŠKODA KODIAQ Connectivity

Аудио систем "CANTON"

Уживајте во музиката и аудио книгите со воодушевувачки квалитет на звукот на аудио системот "CANTON". Тој опфаќа десет звучници со голема моќност, меѓу кои еден централен звучник во инструментната табла и Subwoofer во багажниот простор. Музичкиот систем нуди излезна моќност од вкупно 575 Watt.

Оваа страница е дополнителен дел од почетната страница. Кликнете на копчето за да се вратите кон почената.

Назад кон претходната страна
Оваа страница користи колачиња за најдобро можно корисничко искуство. Со користење на нашата веб-страница, се согласувате дека колачињата се зачувани на вашиот уред.
Прифатете и продолжете