Оваа страница користи колачиња за најдобро можно корисничко искуство. Со користење на нашата веб-страница, се согласувате дека колачињата се зачувани на вашиот уред.
Прифатете и продолжете
Модели

ŠKODA KODIAQ Асистенти при паркирање

"Area View" камери

Системот за приказ на околината "Area View" се состои од 4 камери, коишто го регистрираат просторот околу возилото. Сликата се пренесува во актуелно време на дисплејот на Infotainment системот, така што вие во секоја ситуација можете брзо да реагирате.

ŠKODA KODIAQ Асистенти при паркирање

Асистент при маневрирање со приколка

Со задоволство би сакале да имате приколка, но кожата ви се ежи од маневрирање со  наназад? Системот за помош при маневрирање со приколка ја презема контролата за вас при бавно возење наназад. Сè што треба да одлучите е каде и кога да започне и да прекине.

ŠKODA KODIAQ Асистенти при паркирање

Асистент за сопирање при паркирање наназад

И покрај сензорите за паркирање одзади, постојат ситуации при паркирање или излегување од паркинг со возење наназад, во кои не се запира навреме. Со системот за помош при во маневрирање при сопирање одзади, KODIAQ автоматски запира и на тој начин може да се спречи можен судир.

ŠKODA KODIAQ Асистенти при паркирање

Помош со управување при паркирање

Со системот за помош во управување при паркирање ќе паркирате без проблеми и во тесните слободни места. Тој помаѓа при пронаоѓањето на соодветен паркинг и автоматски го паркира возилото во попречни и надолжни места за паркирање во однос на коловозот. Притоа, за местата што се поставени надолжно во однос на коловозот, потребно е истите да бидат само 60 cm подолги од возилото.

ŠKODA KODIAQ Асистенти при паркирање

Auspark асистент

Како дел од системот за помош при менување на коловозната лента, системот за помош при излегување од паркинг место ги користи истите радарски сензори и помага при излегување од паркинг со возење наназад. При непосредна опасност тој може дури и автоматски да сопре.

Оваа страница е дополнителен дел од почетната страница. Кликнете на копчето за да се вратите кон почената.

Назад кон претходната страна