Модели

ŠKODA KODIAQ Просторност

Пријатно чуство за сите внатре

Сеедно дали седите на возачкото, совозачкото седиште или во третиот ред седишта - ентериерот на KODIAQ не остава неостварени желби. Не мора да правите никакви компромиси кога се работи за понудата на места, комфорот, конективноста, просторот за товарање и разновидноста.

ŠKODA KODIAQ Просторност

Простор за 5 и багаж

Не е чудо што KODIAQ го нарекуваат "просторно чудо": кај опремата за внатрешниот простор со пет седишта достапни ви се 720 литри волумен на багажниот простор - а со спуштени задни седишта дури и до 2065 литри. Задните седишта можат удобно да се склопуваат со помош на рачка.

ŠKODA KODIAQ Просторност

Двостран багажен под

Подот на багажниот простор може да се користи од двете страни (тепих/пластика) и го штити истиот од што и да се случи.

ŠKODA KODIAQ Просторност

Простор за 7 и багаж

Ако некогаш не ви се потребни сите седишта, кај седмоседот можете да го зголемите багажниот простор, на тој начин што ќе ја спуштите клупата за седење од третиот ред. На тој начин ќе добиете 630 литри простор за складирање. Ако сакате да го спуштите и вториот ред седишта, ќе добиете импозантни 2005 литри.

ŠKODA KODIAQ Просторност

Варијабилен

За да може да ја користите клупата за седење во третиот ред, мора да се отстрани полицата од багажниот простор. Таа може да се смести во преградата под површината за товарање, што значи не мора да се чува надвор од возилото.

Оваа страница е дополнителен дел од почетната страница. Кликнете на копчето за да се вратите кон почената.

Назад кон претходната страна
Оваа страница користи колачиња за најдобро можно корисничко искуство. Со користење на нашата веб-страница, се согласувате дека колачињата се зачувани на вашиот уред.
Прифатете и продолжете