SKODA KAROQ Безбедност
Асистент за следење на сообраќајна лента
Асистент за следење на сообраќајна лента предупредува кога ненамерно се напушта лентата на движење и ја спречува несаканата промена. Системот е активен со брзина над 65 км/ч и во услови на препознатлива ознака на сообраќајната лента.
SKODA KAROQ Безбедност
Преден радарски систем вклучува препознавање на пешаци
Предниот радар претставува безбедносен систем кој предупредува на претстојниот судир и, во случај на неизбежен судир, ги активира сопирачките за да се ублажат последиците. Предниот радарски систем користи сензор за радар во решетката на браникот за трајно следење на растојанието до возилото напред. Ако просторот станува премногу мал или се заканува судир и возачот не реагира, системот автоматски интервенира, користејќи една од следните четири мерки:
• Оптички сигнал, ако е надминато законски пропишаното минимално растојание
• Акустичен и визуелен предупредувачки сигнал
• Кратка апликација на автоматската сопирачка
• Автоматско сопирање за да се избегне судир или да се ублажат последиците од несреќата
SKODA KAROQ Безбедност
Систем за асистирање при промена на сообраќајна лента
Асистентот за промена на сообраќајни ленти ги открива возилата во слепата точка и го предупредува возачот со помош на екранот во надворешниот ретровизор пред потенцијалната опасна ситуација. Два радарски сензори во долниот дел на задниот браник ја надгледуваат областа до и до 20 метри зад возилото. Во зависност од растојанието и брзината на околните возила, системот одлучува дали да го предупреди возачот со визуелен или акустичен сигнал за можна опасност.
SKODA KAROQ Безбедност
Асистент за паркирање
Како дел од системот за промена на сообаќајна лента, асистентот за паркирање ги користи истите радарски сензори и помага при паркирање. Во случај на непосредна опасност, може дури и автоматски да го сопре возилото.
SKODA KAROQ Безбедност
SKODA KAROQ Безбедност
Предниот радар ја детектира брзината и растојанието на возилата пред да го прилагодат вашето возило на моменталната ситуација во сообраќајот. Системот може да ја намали брзината или да го сопре возилото пред потенцијален судир. Покрај тоа, системот ги чита ознаките на коловозот и иницира контролирани контрамерки при напуштање на лентата на движење. Системот за асистирање во сообраќаен метеж е активен кога се вклучени автоматската контрола на растојание (ACC) и системот за одржување на сообраќајна лента.
Оваа страница е дополнителен дел од почетната страница. Кликнете на копчето за да се вратите кон почената.
Назад кон претходната страна