Модели

Škoda Karoq паркирање

Помош при паркирање

Асистентот за  паркирање автоматски го насочува возилото во паркинг просторот. Сè што треба да направите е да притиснете на педалите за гас и сопирање.

Škoda Karoq Безбеден паркинг

Помош при паркирање со асистент за управување со сопирачките

Сензорите за паркирање предупредуваат за можни судири при паркирање со собирање податоци од сензорите, параметрите за возење и аголот на воланот. За да избегнете ситуации при паркирање каде што не реагирате на време на предупредување за растојание, Karoq има помош за маневрирање на сопирањето, карактеристика што го запира автомобилот за да избегне судир.

Škoda Karoq Паркирање со приколка

Асистент за маневрирање на приколка

Сакате да купите приколка, но возењето наназад е ноќна мора? Асистентот за маневрирање на приколка ја презема контролата кога бавно се движите наназад со приколка. Сè што треба да направите е да одлучите каде да паркирате.

Škoda Karoq со очи на сите страни

Поглед на околината

Дали сакате да знаете што точно се случува околу автомобилот? Со поглед на околината, можете да ја видите целата околина на возилото на вградениот монитор од повеќе агли, снимени со широкоаголните леќи на камерите поставени на предниот и задниот дел, како и од надворешните ретровизори.

Оваа страница е дополнителен дел од почетната страница. Кликнете на копчето за да се вратите кон почената.

Назад кон претходната страна