Модели

Škoda Karoq Просторност

Вашиот простор

Во Škoda Karoq има доволно простор за вас, вашето семејство и вашиот багаж, за вашите пријатели, вашите хобиа, вашата спортска опрема, за вашата работа, вашите патувања и вашата релаксација - едноставно доволно простор за вас и за целиот ваш живот.

Škoda Karoq Просторност

Простор за се што ви треба

Со Škoda Karoq никогаш не треба да одлучувате што да понесете со себе и што да оставите зад себе. Само спакувајте сè - има доволно простор. Багажникот има капацитет од 521 литар во основната верзија. Потпирачите за грб на задните седишта може да се преклопат, со што се зголемува волуменот на товарење на 1.630 литри.

Škoda Karoq Просторност

VarioFlex Систем

Нашата цел е да го направиме вашето секојдневие со Karoq што е можно поедноставно - со системот за седење VarioFlex, можете флексибилно да ги движите задните седишта (средното седиште не може да се поместува), да ги преклопувате или отстраните за да ја прилагодите внатрешноста совршено според вашите потреби или Karoq да се претвори во транспортер. Така, Karoq станува комбе за испорака со максимален волумен на багажниот простор од 1.810 литри со отстранети задните седишта.

Škoda Karoq Просторност

Има простор

Системот VarioFlex обезбедува невидена флексибилност во класата SUV. Можете да ја најдете најпрактичната конфигурација за кратко време: можете да го промените наклонот на потпирачите за грб, да ги поместите надворешните седишта напред или назад, да ги преклопите сите потпирачи за грб и перничиња за седиштата и да ги отстраните сите задни седишта поединечно. Преклопениот средишен потпирач за грб служи како потпирач за раце со држач за чаши.

Оваа страница е дополнителен дел од почетната страница. Кликнете на копчето за да се вратите кон почената.

Назад кон претходната страна