Модели

Škoda Karoq Sportline дизајн

Магичен изглед

Она што го прави Karoq Sportline привлечен се целосните LED Matrix светла. Решетката на ладилникот има високо-сјајна црна рамка а предниот спојлер е во боја на каросеријата. Заедно со другите црни детали како што се ретровизорите, надворешноста во целина е импресивна.

Škoda Karoq Sportline дизајн

Најсовремени целосни LED Matrix фарови

Моќните предни светла од високата класа користат LED диоди за сите нивни функции. Тие се помоќни од конвенционалните фарови, а исто така имаат иновативна Matrix функција. Нова карактеристика е светлото за сите временски услови што ги заменува традиционалните светла за магла. Овој режим на осветлување генерално го подобрува осветлувањето на патот кога видливоста е слаба.

Škoda Karoq Sportline дизајн

Специфично Sportline лого

Логото Sportline ги краси двата предни браници, позиционирано веднаш под таканаречената тоднадо линија, која поминува низ целата должина на возилото. 

Škoda Karoq Sportline дизајн

Совршен од секој агол

Новодизајнираните фарови се надополнети со најдобрите целосни LED задни светла, привлечните динамички индикатори и анимираната функција Coming Home. Ознаката Škoda и ознаката на моделот на задната врата се црни, како и кровните шини, дифузерот и страничните рамки на прозорците со висок сјај. Долните ленти на вратите, задниот браник специфичен за моделот и продолжениот спојлер на задната врата, се во бојата на каросеријата. Се разбира, затемнетите стакла се задолжителни.

Оваа страница е дополнителен дел од почетната страница. Кликнете на копчето за да се вратите кон почената.

Назад кон претходната страна