Модели

ŠKODA FABIA Комфор

Задна камера

За уште поедноставно паркирање, вашата FABIA можете да ја опремите со камера за помош при возење наназад. Таа го контролира делот зад возилото и го покажува совршениот начин за безбедно паркирање во избраното место за паркирање. Притоа, ширината на возилото исто така се зема предвид.

ŠKODA FABIA Комфор

Сензори за паркирање

Извонредната способност за маневрирање на FABIA го прави паркирањето многу едноставно. Исто така, можат да ви помогнат и сензорите за паркирање, кои се интегрирани во предните и задните браници и го контролираат растојанието до евентуалните препреки.

ŠKODA FABIA Комфор

Maxi Dot борд компјутер

Централниот Maxi Dot дисплеј секогаш го одржува возачот во тек во врска со најразлични функции на борд компјутерот, како на пример: надворешната температура, точното време и изминатата патека (на денот, од последното точење и вкупно). Освен тоа, тој прикажува информации на системите за помош, на радиото во возилото или на приклучениот паметен телефон преку Bluetooth. За температурата на средството за ладење и за количината на  резервоарот постојат аналогни прикази.

ŠKODA FABIA Комфор

Параметри на возилото

Во менито "CAR" на Infotainment системите Bolero и Swing можат да се постават одредени функции на FABIA, како што се системите за помош и сензорите за светло и паркинг.

ŠKODA FABIA Комфор

Темпомат

Темпоматот со вклучен ограничувач на брзината, автоматски го одржува саканото темпо. Тој може да се деактивира со силно притискање на педалот за гас.

ŠKODA FABIA Комфор

Асистент за светла и дожд

Дождот и самракот повеќе нема да ви пречат. FABIA може да се опреми со сензор за дожд на основата од внатрешниот ретровизор, којшто автоматски ги активира бришачите и ја прилагодува нивната брзина. А доколку надворешната светлина падне до одредена вредност, сензорот за светло автоматски ќе го вклучи светлото, (на пример во тунел).

ŠKODA FABIA Комфор

KESSY систем

Отворање и затворање на вратите, стартување и запирање на моторот - сето тоа, без да мора да го барате клучот? Овој комфор го нуди KESSY. Едноставно повлечете ја рачката на вратата (или притиснете го копчето на задната врата) и возилото автоматски се отклучува. Возилото можете да го стартувате едноставно со притискање на копчето. Копчето се наоѓа десно од управувачкиот столб.

ŠKODA FABIA Комфор

Автоматски клима уред

При електронски регулираниот клима уред Climatronic ја поставувате саканата температура на внатрешниот простор, која што се одржува со помош на сензорите и електронското управување.

Оваа страница е дополнителен дел од почетната страница. Кликнете на копчето за да се вратите кон почената.

Назад кон претходната страна
Оваа страница користи колачиња за најдобро можно корисничко искуство. Со користење на нашата веб-страница, се согласувате дека колачињата се зачувани на вашиот уред.
Прифатете и продолжете