Модели

ŠKODA FABIA Дизајн

Модерен и динамичен дизајн

Ова е совршен автомобил за сите оние, кои и со мал автомобил не сакаат да се откажат од впечатливиот настап. Па така, неговиот модерен и динамичен дизајн се грижи за таквиот изглед.

ŠKODA FABIA Дизајн

Остри агли

Површината под задната врата има накосување насочено навнатре, коешто го нагласува контрастот помеѓу светлината и сенките и визуелно делува пошироко. Типичниот С-облик на ŠKODA на задните светла особено се истакнува со црна лента. Двата остро засечени триаголници на задниот дел создаваат визуелна поврзаност на задните светла со задната врата.

ŠKODA FABIA Дизајн

Перфектна фигура

Високата, остро повлечена Tornado линија се протега преку целото возило и создава заедничка игра на контрасти на светлината и сенките на страните на автомобилот. Јасната силуета на страничните прозорци е дефинирана со прави линии и облици и создава една затворена целина. Кровот на FABIA лесно паѓа наназад, а куќиштата за тркала имаат моќни контури. 

Оваа страница е дополнителен дел од почетната страница. Кликнете на копчето за да се вратите кон почената.

Назад кон претходната страна
Оваа страница користи колачиња за најдобро можно корисничко искуство. Со користење на нашата веб-страница, се согласувате дека колачињата се зачувани на вашиот уред.
Прифатете и продолжете