Светска премиера на новиот ŠKODA KAMIQ
- ŠKODA ја спроведува својата SUV
офанзива со трет модел за европскиот пазар
- Светска премиера на новиот ŠKODA KAMIQ
на саемот во Женева
Новиот SUV на ŠKODA ќе се вика KAMIQ. Кросоверот е трет SUV наменет за европскиот пазар и го означува следниот чекор во кампањата на чешкиот производител. Зборот KAMIQ произлегува од јазикот на Инуитите што живеат во северна Канада и Гренланд. Тој опишува нешто што се вклопува совршено во секоја ситуација.
ŠKODA KAMIQ е урбан кросовер модел кој се претставува како идеален придружник на секојдневниот живот во современиот град и пошироко. Ознаката спаѓа во номенклатурата која ги поврзува сите модели во опсегот на ŠKODA SUV возилата - имињата на сите модели започнуваат со K и завршуваат со Q.
Со новиот ŠKODA KAMIQ, чешкиот производител на автомобили го прави следниот чекор во својата SUV кампања и ја проширува својата понуда со компактен модел за европските пазари. ŠKODA KAMIQ ја комбинира агилноста и управувањето на компактен автомобил со традиционалните предности на SUV - висока позиција на седење, подобра видливост, полесно влегување и излегување. Врз основа на модуларната попречна матрица, ŠKODA KAMIQ нуди нови системи за помош, како и бројни Simply Clever карактеристики кои го популаризираа брендот исто толку колку и големиот багажен простор.