Оваа страница користи колачиња за најдобро можно корисничко искуство. Со користење на нашата веб-страница, се согласувате дека колачињата се зачувани на вашиот уред.
Прифатете и продолжете
Модели

Подгответе се за зима

2018-11-07

Зимата пристигнува! Како да го подготвите вашиот автомобил?

Зимата е на пат, носејќи со себе снег, леден ветер и суров мраз. Тие наскоро ќе ги откријат слабите точки на вашиот автомобил. Затоа е важно да се вложи малку повеќе внимание во него сега, така што ќе бидете подготвени за студените денови кога ќе дојдат. Едноставно префрлување на зимски гуми не е доволно.

Кога пејзажот е зафатен од зимата и е покриен со снег, вие едноставно ги вадите вашите волнени џемпери и јакна од гардероберот. Но, што со вашиот автомобил?

Пред да стане студено, однесете го автомобилот за сервис. Дополнете го вашиот антифриз, поставете зимска опрема во багажникот и најважно, прочитајте ја нашата статија со детали за сето ова и бидете потполно подготвени за зимата.

ДАЛИ ЗАБОРАВИВТЕ НЕШТО?

Проверка бр. 1

1

ЈАЖЕ ЗА ВЛЕЧЕЊЕ

Зазема малку простор и тежи речиси ништо, но тоа е непроценливо кога ќе се јави потребата. Тоа е спасител, без разлика дали станува збор за вас, доколку сте заглавени и се надевате на помош или ако спасувате некој друг во слична непријатна ситуација.

Проверка бр. 2

2

БРИСАЧ ЗА ВЕТРОБРАНСКО СТАКЛО И СВЕТЛА

Внимавајте, исправност на бришачите и светлата е основното правило за безбедно возење, а барањата за возење во зимски услови (чести дождови и снег, нечистотија и сол на патот, магла и намалена видливост) ќе ги стават вашите бришачи и светла на тест, па затоа осигурајте се дека сé е во најдобар ред.

Проверка бр. 3

3

АКОМУЛАТОР ВО СОВРШЕНО ДОБРА СОСТОЈБА

Акумулаторот на автомобилот во зима е подложен на тешка работа. Доколку не е во добра состојба, една ноќ на замрзнување е доволна за да ве спречи да го стартувате возилото наутро.

Проверка бр. 4

4

ЛАНЦИ ЗА ТРКАЛА

Во зима, тие често се задолжителни дури и за возила со погон на четири тркала, па бидете сигурни дека ги имате. Ставањето на нив е лесно ако пробате однапред. Ланците за тркалата мора да бидат во соодветниот дијаметар на гумата.

Проверка бр. 5

5

ГРЕБАЛКА ЗА МРАЗ

Во зима, ќе ви треба ова почесто отколку што би сакале. За среќа, возачите на ŠKODA можат да ги најдат под капачето за резервоарот на гориво.

Проверка бр. 6

6

СМЕНА НА ТЕЧНОСТ ВО ПРСКАЛКИТЕ ЗА СТАКЛО

Мешавината против замрзнување го спречува потенцијалното замрзнување на стаклата кога се користи неразреден во резервоарот за прскалките на шофершајбната. Функционира на екстремно ниски температури до -25 °C.

Проверка бр. 7

7

СЛЕДЕН СЕРВИС

Проверете го датумот и километражата за следната проверка на вашетп возило, за да не морате да се грижите за тоа додека патувате.