Пристигна новата Škoda Fabia
Кога станува збор за дизајнот, од напред се променети светлата и маската на системот за ладење, додека на задниот дел се рестилизирани браникот и стоп светлата, а на купувачите по прв пат во Fabia им се достапни LED предни и задни светла.
Понудата на алуминиумски фелни кај хечбек верзијата е проширена со гуми од 18
инчи.
Fabia доби и нови системи на асистенција, со што поединечни технологии за активна
безбедност се спуштаат во пониските сегменти на возилата на Škoda. Автомобилот е
опремен со електронски систем за воочување на другите автомобили кои што се наоѓаат
во мртвиот агол и предупредување на возачите за нивно присуство.
Редизајнираната Fabia има и систем кој внимава на случувањата зад возилото и го
алармира возачот ако постои опасност од судир од позади. Уште една новина е Light
Assist, автоматско исклучување на долгите светла во случај на доаѓање на автомобили
во спротивен правец.
Škoda во новата Fabia го унапреди и мултимедијалниот систем Swing кој сега има 6,5
инчен екран. Во верзијата со вграден навигациски систем, на возачот на располагање
му се сервисни информации за состојбата и условите во сообраќајот во реално време.
SmartLink+ технологијата со функциите Apple CarPlay, Android Auto, MirrorLinkTM и SmartGate овозможува едноставно поврзување со smart уреди и пренесување на нивната содржина на екранот од мултимедискиот систем на Fabia.