Модели
18.06.2018

Škoda и вработените на Порше Македонија дел од Мариово Off-Road Experience

Страста кон спортот се создава кога најмалку ја очекувате. Спортот овозможува добредојдено пребегнување од работните обврски. Создава и развива есенцијални вештини како дисциплина, лидерство, способност за донесување на одлуки, тимска работа, толеранција, соработка и одлично расположение преку постојан и редовен тренинг со поставување и постигнување на целите. Побудува мотивација и ги води индивидуите кон превземање на лидерстки одлуки и менаџментски позиции. Исто така, помага во развивање на моторните вештини, координација, визија, решавање на проблематиката и стратешко размислување. Овие вештини го креираат патот кон професионалното развивање.

Овогодинешното издание на велосипедската тура Мариово Off-Road Experience, поддржано од Škoda, привлече голем број на учесници меѓу кои активно учество завземаа и вработените на Порше Македонија предводени од менаџментот на компанијата. Покажувајќи голема посветеност и упорност да ја завршат долгата и предизвикувачка велосипедска тура низ прекрасните пејсажни предели на Мариово, вработените успешно ја завршија турата, а со тоа и го пребродија големиот предизвик кој им претстоеше.

Определбата на Škoda за активно поддржување на велосипедизмот и велосипедистите резултираше со успешна соработка и реализација на овогодинешниот Мариово - Off-road Experience, во кој учество завземаа повеќе од 300 учесници.