Модели
02.05.2018

Škoda – ДИЗАЈНИРАНА ЗА ВЕЛОСИПЕДИСТИ

Велосипедизмот е во корените на Škoda. Основачите на брендот, Václav Laurin и Václav Klement пред повеќе од 120 години, започнале со производство на велосипеди, за потоа да го променат фокусот кон производство на моторни возила. Но доследна на традицијата, Škoda и денеска е голем поддржувач на велосипедистите и во изминатите 14 години, брендот е официјален партнер на најголемите велосипедски настани во светот Tour de France и Vuelta España. Оваа година Škoda ќе ги поддржи велосипедистите на Tour de France со 250 возила, кои ќе ги следат низ целата тура, која покрај Франција, поминува и низ Германија, Белгија и Луксембург.

Се поголемиот број на велосипедисти, ја зацврстуваат определбата на Škoda да ги дизајнира возилата со практични решенија кои го олеснуваат патот кон природата и авантурите. Багажниот простор на возилата на Škoda е дизајниран со цел во истиот да може да се позиционира велосипед, а со VarioFlex седиштата, просторот дополнително се зголемува и овозможува позиционирање на повеќе велосипеди во внатрешноста на возилото.

Последен во низата модели дизајнирани за велосипедисти е Škoda Karoq. Сериски опремен со кровни шини, дизајнирани за лесно позиционирање на кровни носачи кои можат да транспортираат до 4 велосипеди.

Karoq овозможува и позиционирање на велосипеди во внатрешноста на автомобилот, благодарение на модуларните седишта VarioFlex. Задните седишта можат да се преклопат или целосно да се отстранат со што дополнително се зголемува просторот и овозможува позиционирање на повеќе велосипеди. Тоа го прави Karoq возило со одличен комфор не само за патниците, туку и за нивните велосипеди.

Љубовта кон велосипедите е преточена во платформата www.WeLoveCycling.com, во која јасно се гледа дека Škoda автомобилите и велосипедите едноставно припаѓаат заедно.