Оваа страница користи колачиња за најдобро можно корисничко искуство. Со користење на нашата веб-страница, се согласувате дека колачињата се зачувани на вашиот уред.
Прифатете и продолжете
Модели
2017-06-24

Рели Шумава Клатови: Јан Копецки и ŠKODA ја продолжија импресивната победничка низа

  • Јан Копецки и Павел Дреслер со Škoda Fabia R5 доминираа во вториот круг на Републичкиот Рели Шампионат (MCR)
  • Тимот на Škoda е без пораз во 2017 година
  • Чешките шампиони Јан Копецки  и Павел Дреслер поставија 9 од 13те најдобри времиња

Смирени и покрај временските промени, Јан Копецки  и Павел Дреслер со Škoda Fabia R5 остварија убедлива победа на релито Шумава Клатови. 
Јан Копецки и неговиот совозач Павел Дреслер со Škoda Fabia R5 ги поставија темелите на нивната убедлива победа уште во првата фаза изминатиов петок. Чешките шампиони поставија четири убедливо најдобри времиња, во петтата етапа се откажа од безбедносни причини поради тоа што на патеката беше пролеано гориво од едно од возилата кои учествува во категорија олдтајмери. На крајот Јан Копецки  и Павел Дреслер го завршија денот со убедлива предност од околу половина минута пред второ пласираниот тим.

Копецки и совозачот Дреслер со Škoda Fabia R5 поставија пет најдобри времиња во саботата, и покрај поројниот дожд околу Клатови кој предизвикуваше пролизгувања  на патеката. Победничкиот тим останатите фази со Škoda Fabia R5 ги помина со контролирана брзина и безбедно триумфираа на последно рели. Со тоа ја забележаа својата втора победа оваа сезона и го зголемија водството на Републичкиот Рели Шампионат (MCR).