Оваа страница користи колачиња за најдобро можно корисничко искуство. Со користење на нашата веб-страница, се согласувате дека колачињата се зачувани на вашиот уред.
Прифатете и продолжете
Модели
2017-04-08

SKODA KODIAQ е победник со најдобар резултат според магазинот „AUTO TEST“

›   SKODA SUV победи со најдобар резултат помеѓу 500 тестирани возила

›   29та награда за SKODA KODIAQ откако се појави на пазарот на почетокот од 2017 година

›   Чешкиот бренд ја добива победничката награда од " AUTO TEST " четири пати по ред

›   SKODA SUPERB COMBI го потврдува успехот на SKODA со освојувањето на второто место 

SKODA KODIAQ е " AUTO TEST " победник за 2017.

Со 676 поени, големиот SUV на SKODA го постигна најдобриот резултат од сите возила тестирани од страна на германското списание " AUTO TEST ".SKODA ја добива оваа награда по четврти пат по ред. Севкупно, ова е 29та награда за SKODA KODIAQ откако за прв пат се појави на пазарот на почетокот од оваа година. SKODA SUPERB COMBI го комплетираше двојниот успех на чешкиот производител, освојувајќи го второто место на " AUTO TEST " ранкингот.

 

"Во оваа високо компетитивна околина, ретко се случува нов модел да биде победник после само неколку месеци откако за прв пат се појавува на пазарот. SKODA KODIAQ е вистински победник, а AUTO TEST јасно ја потврди исклучителната позиција на SUV моделите на SKODA. Компетитивните тестови на трговскиот магазин, кои ја тестираа најдобрата варијанта на SKODA KODIAQ која е опремена со 140kW (190KS) 2.0. TDI мотор со автоматски менувач со двојна спојка и пренос на сите четири тркала, застана гордо во споредбата со конкурентите кои беа слично опремени. Со 676 поени, првиот голем SUV на SKODA го постигна најдобриот резултат од сите останати возила кои беа тестирани во изминатите 12 месеци. Професионалците од AUTO TEST беа особено импресионирани од просторноста на SKODA KODIAQ, како и големата практичност и адаптивност на моделот во било која ситуација, како и поради соодносот помеѓу вредноста што се добива и цената што се плаќа. KODIAQ исто така импресионираше и со извонредната способност за маневрирање, нешто за што сите лица задолжени за тестирање едногласно се согласија.

Минатогодишниот победник на "AUTO TEST" - SKODA SUPERB COMBI, заврши на второто место со освоени 646 поени, веднаш зад SKODA KODIAQ. Со ова, знаменосците на SKODA го комплетираа двојниот успех за компанијата. Дополнителен успех претставува прославата на четвртата последователна победа за SKODA. Во 2015 и 2014, SKODA OCTAVIA триумфираше во ова рангирање.

Од 2008 година, "AUTO TEST" магазинот доделува награди на најдобрите возила од изминатите 12 месеци во неколку категории. Секоја година, експерти тестираат околу 500 автомобили од сите класи, возејќи повеќе од 1 милион километри, со цел да го проценат квалитетот, безбедноста, вредноста при купување, премиите, оперативните трошоци, перформансите и потрошувачката.

29та награда за SKODA KODIAQ

За SKODA KODIAQ, наградата од "AUTO TEST" претставува 29тата награда за ова возило откако за прв пат се појави на пазарот на почетокот на годинава. Помеѓу другите, SUV возилото на SKODA, е добитник на наградите "Best Cars 2017" од "What Car?" магазинот од Велика Британија, "Car of the Year 2017" во Чешка Република, Полска и Бугарија. Исто така, SKODA KODIAQ се здоби и со наградата "SUV of the Year" во Кина и Франција, како и "All wheel drive of the year" во Германија.