Модели
11.05.2020

ŠKODA ги продолжува гаранциите на нови возила за три месеци

  • Пролонгиран период на гаранција поради пандемијата на Корона
  • Продолжувањето важи за сите возила произведени во Европа или за европскиот пазар

ŠKODA го продолжува гарантниот рок за нови возила за три месеци. Ова важи за сите возила произведени во Европа или за европскиот пазар со двегодишна гаранција за ново возило или продолжена гаранција која истекува помеѓу 1 март 2020 година до 31 мај 2020 година. Пролонгирањето е валидно три месеци по истекот на стандардната двегодишна гаранција при купување на ново возило или доколку е активирана продолжена гаранција.

Оваа мерка претставува доброволна, еднократна отстапка за да им помогне на клиентите во исклучителна ситуација предизвикана од "Ковид-19". Мерката е достапна за сите возила произведени во Европа или се наменети за европскиот пазар.

За повеќе информации контактирајте ги нашите овластени ŠKODA партнери на следниот линк: