За најдобро искуство при користење на веб-страницата
Оваа страница користи колачиња за најдобро можно корисничко искуство. Продолжувајќи да ја користите нашата страница, вие ја прифаќате употреба на нашите колачиња (основни колачиња). Колачињата што се предмет на задолжително одобрување (аналитички колачиња, функционални колачиња, колачиња за персонализирана содржина) се активираат само по нивното активирање. Ако се согласите да користите колачиња, податоците за идентификација ќе бидат обработени од наши партнери (даватели на колачиња и даватели на ИТ услуги). Одговорна за оваа веб-страница и колачињата е „Порше Македонија ДООЕЛ Скопје”. Дополнителни информации за користените колачиња и нивното деактивирање може да се најдат
Активирајте ги сите колачиња
Модели

17.12.2019

ŠKODA претстави дизајн скици од новата OCTAVIA

-        Прв поглед кон новата генерација на бестселерот на ŠKODA

-        Новата ŠKODA OCTAVIA со футуристички дизајн кој вклучува поголема експлицитност од било кога.

ŠKODA претстави два ексклузивни дизајн скици кои претставуваат прв поглед кон новата ŠKODA OCTAVIA. Новиот дизајнерски јазик на ŠKODA гарантира дека новата, четврта генерација на Octavia ќе има многу поемотивен изглед, истовремено комбинирајќи ги компактните димензии со голема просторност во внатрешноста.

Дизајн скиците прикажуваат дека задниот дел на OCTAVIA е благо издигнат, следејќи ја силуетата на купе лимузина. Динамична предница, големи тркала и задни светла со кристални елементи се главните работи кои се истакнуваат. Четвртата генерација на бестселерот ќе ја продочжи успешната приказна на свој уникатен начин. Сѐ започна пред 60 години, со првата генерација на OCTAVIA, модел кој до денес бележи продажба од над 6,5 милиони возила.