ВАЖНА НАПОМЕНА:

Ве молиме обрнете внимание на тоа, дека ŠKODA Connect во моментот е достапна само за моделот KODIAQ, како и новата OCTAVIA (од Facelift 2017).

ŠKODA Connect портал

Со Вашата корисничка сметка можете да управувате на порталот ŠKODA Connect - сосем удобно преку компјутер од дома. Исто така, можен е и пристап од паметен телефон: за тоа едноставно само преземете ја апликацијата за мобилен телефон ŠKODA Connect Mobile App.

За да можете да ги користите услугите, потребна е регистрација и активација на порталот ŠKODA Connect.

Кон порталот

Infotainment Online

Вашиот ŠKODA Infotainment систем поврзете го со интернет и откријте го големиот свет на онлајн услугите, на пр. актуелни информации во врска со сообраќајот или информации за застој, или вчитувајте предлози за рути.*

Повеќе за Infotainment Online




Кликнете на следниот линк за да ја преземете апликацијата




Кликнете на следниот линк за да ја преземете апликацијата

**) Користењето на мобилните онлајн услуги (ŠKODA Connect Infotainment Online) е можно само со навигациските системи Amundsen и Columbus. Дополнително Ви е потребен мобилен краен уред (пр. паметен телефон), кој има способност да работи како мобилен WLAN Hotspot. Алтернативно со опцијата „Phone box со WLAN и отвор за SIM картичка“ (само во комбинација со радио навигацијата „Columbus“) може да се користи мобилен телефон со remote SIM Access Profile (rSAP) или SIM картичка со опција за телефон и податоци. ŠKODA Connect Infotainment Online услугите се достапни само со постоечки или посебно склучен договор за мобилна мрежа меѓу Вас и Вашиот мобилен оператор и само во рамките на покривноста на мобилната мрежа. Со приемот на податочни пакети од интернет, зависно од Вашата конкретна мобилна тарифа и особено при користење во странство можат да настанат дополнителни трошоци (на пр. трошоци за роаминг). Врз основа на обемот на податоци во рамките на користењето на ŠKODA Connect Infotainment Online услугите се препорачува веднаш да договорите паушална такса за податоци со Вашиот мобилен оператор! За користење на ŠKODA Connect Infotainment Online треба да се склучи посебен договор со ŠKODA AUTO, a.s. онлајн. По предавање на возилото клиентот има рок од 90 дена да го регистрира возилото на www.skoda-connect.com. ŠKODA Connect Infotainment Online опфаќа услуги како Google Earth, онлајн информации за сообраќајот, бензински станици, места за паркирање, вести, временска прогноза, онлајн пребарување на посебни цели и многу повеќе (обемот зависи од радио навигацискиот систем). Достапноста на ŠKODA Connect Infotainment Online услугите може да варира зависно од земјата. Овие услуги стојат на располагање за време на конкретно договорениот период на користење и во тој период можат да подлежат на содржински промени. Подетални информации за ŠKODA Connect Infotainment Online ќе добиете на www.skoda.at/connect и во Вашиот салон на ŠKODA. Информации за условите за тарифи на мобилната мрежа ќе најдете кај Вашиот мобилен оператор.