Модели

Infotainment онлајн

Infotainment онлајн

Кон пакетот Infotainment онлајн припаѓаат голем борј услуги за состојбата во сообраќајот, вести или временска прогноза. Во видеото ќе видите, што сè е можно.

Услуги Infotainment онлајн

Преземање на ŠKODA Connect App

Google Play

Кликнете на следниот линк за да ја преземете апликацијата:

App Store

Кликнете на следниот линк за да ја преземете апликацијата:

 

*) За користењето на ŠKODA Care Connect треба да се склучи посебен онлајн договор со ŠKODA AUTO, a.s. За да може да се користат услугите во текот на целото времетраење, клиентот има време од 90 дена по предавањето на возилото, да го регистрира истото на . Услугата за итен повик е активирана уште од испораката без потребно регистрирање. Достапноста на ŠKODA Care Connect може да се разликува зависно од земјата. Овие услуги се достапни во текот на договореното времетраење на договорот и можат да подлежат на измени на содржината за време на времетраењето на истиот. За користењето на бесплатната апликација ŠKODA Connect, потребен е паметен телефон со оперативен систем iOS или Android и SIM-картичка со опција за податоци со веќе постоечки договор за мобилна телефонија или договор за мобилна телефонија што треба одделно да се склучи помеѓу Вас и мобилниот оператор. Со испраќањето или приемот на пакетите со податоци преку интернет, зависно од Вашата актуелна тарифа за мобилна телефонија, а особено при користење во странство, можат да настанат дополнителни трошоци (на пр. такси за роаминг). Care-Connect ги опфаќа повикот во итен случај, проактивните услуги како на пр. повикот за информации и повикот во случај на дефект како и далечинскиот пристап (статус на возилото, возни податоци, позиција на паркирање, известување за брзината и многу повеќе). Подетални информации за ŠKODA Care Connect ќе добиете на www.skoda.at/connect и во Вашиот салон за ŠKODA. Информации за тарифните услови на мобилната телефонија кај Вашиот мобилен оператор.

 

**) Користењето на мобилните онлајн услуги (ŠKODA Connect Infotainment Online) е можно само со системите за навигација Amundsen и Columbus. Дополнително, потребен Ви е мобилен краен уред (на пр. паметен телефон), којшто може да делува како мобилен WLAN Hotspot. Алтернативно, со опцијата "Telefonbox со WLAN и преграда за SIM-картичка" (само во комбинација со радио навигација "Columbus"), мобилниот телефон може да се користи со remote SIM Access Profile (rSAP) или SIM-картичка со опција за телефон и податоци. Услугите ŠKODA Connect Infotainment Online се достапни само со веќе постоечки договор или со договор за мобилна телефонија што треба одделно да се склучи помеѓу Вас и Вашиот мобилен оператор и само во рамките на покриеноста на конкретната мобилна мрежа. Со приемот или испраќањето на пакетите со податоци од интернет, зависно од Вашата актуелна тарифа за мобилна телефонија, а особено при користење во странство, можат да настанат дополнителни трошоци (на пр. такси за роаминг). Поради волуменот на податоци што може да настане во рамките на користењето на услугите ŠKODA Connect Infotainment Online, се препорачува веднаш да склучите договор со Вашиот мобилен оператор за паушална тарифа! За користењето на ŠKODA Connect Infotainment Online треба онлајн да се склучи посебен договор со ŠKODA AUTO, a.s. Клиентот има време од 90 дена по предавањето на возилото, да го регистрира истото на http://www.skoda-connect.com. ŠKODA Connect Infotainment Online опфаќа услуги како Google Earth, Онлајн информации за сообраќајот, бензински станици, паркиралишта, вести, информации за времето, онлајн пребарување на посебни цели и многу повеќе. (Обемот зависи од радио навигацискиот систем). Достапноста на услугите ŠKODA Connect Infotainment Online може да е различна во зависност од земјата. Овие услуги се достапни во текот на договореното времетраење на договорот и можат да подлежат на измени на содржината за време на времетраењето на истиот. Подетални информации за ŠKODA Connect Infotainment Online ќе добиете на www.skoda.at/connect и во Вашиот салон за ŠKODA, информации за тарифните услови на мобилната телефонија кај Вашиот мобилен оператор.

Оваа страница користи колачиња за најдобро можно корисничко искуство. Со користење на нашата веб-страница, се согласувате дека колачињата се зачувани на вашиот уред.
Прифатете и продолжете