ŠKODA KODIAQ SPORTLINE: Спортски и динамичен изглед за ониe кои целат кон врвот

15.02.2017

  • Многубројната опрема го нагласува спортскиот карактер на верзијата на новиот KODIAQ
  • Моделот со специфични предни и задни делови; 19 и 20-инчни тркала
  • Нов систем за помош и напреден информативно забавен систем
  • Четири мотори на располагање кои се движат од 110 kW (150 КС) до 140 kW (190 КС)
  • Светска премиера на автомобилскиот саем во Женева 

Со ŠKODA KODIAQ SPORTLINE, чешкиот производител на автомобили ќе претстави елегантна, динамична верзија на новиот SUV. Дизајнерските решенија посебно се изработени со цел да се долови спортскиот карактер на моделот како во однос на внатрешноста така во однос и на надворешноста . ŠKODA KODIAQ SPORTLINE, ќе ја има својата светска премиера на автомобилскиот саем во Женева, кој ќе се одржи од 7 д o 19 март 2017 . Моделот на располагање е со два бензиски и два дизел мотори .

ŠKODA KODIAQ Sportline, со својот засебен внатрешен и надворешен дизајн, пред сè ја нагласува агилноста и динамиката на големиот SUV. Нова варијанта на моделот е комбинација на впечатлив изглед и сестран карактер.  Надворешната должина од 4.70 метри нуди

простор за максимални седум седишта, како и најголем внатрешен и багажен простор во својот сегмент. Дизајнот на новото сестрано возило го отсликува идентитетот на брендот и претставува добра комбинација на емоција и рационалност. Покрај тоа, моделот кој наскоро ќе биде претставен, ŠKODA KODIAQ Sportline пристига со дизајнерски карактеристики кои обезбедуваат вистинско возачко задоволство.

Елементите на каросеријата и специјалните детали во црн финиш го нагласуваат динамичниот карактер на ŠKODA KODIAQ Sportline. Решетката на ладилникот, кривните шини, куќиштата на ретровизорите сите се во црна боја.

ŠKODA KODIAQ SPORTLINE е базиран на Ambition trim нивото на опрема. Дополнително тој е опремен со спортски седишта со електронски прилагодувања а истите се обложени со Alcantara со сребрени штепови. Седиштата гарантираат добра странична потпора. Спортскиот карактер е потенциран преку кожниот мултифункционален  управувач и алуминиумски педали. Екранот со спортски визуелизации вклучува и опис на силата на повлекување, притисокот со турбо полначот, тековната силата на моторот, температурата на маслото и течноста за ладење. Богатиот спектар на стандардна опрема вклучува и избор на режим на возење (Normal, Sport, Eco, Individual, Comfort, Snow), преку кој може да се контролира моторот, автоматскиот менувач, серво управувачот и клима уредот. Дополнително, ŠKODA KODIAQ Sportline ја поседува и следнава стандардна опрема: електронско прилагодување и склопување на ретровизори со мемориска функција и сензор за дожд, екранот Maxi DOT, LED амбиентално осветлување, кое може да се постави во десет различни бои, лого KODIAQ на праговите на вратите,  спортски праг.

Клиентите на ŠKODA KODIAQ Sportline можат да изберат еден од четирите понудени мотори, од кои два бензински и два дизелски мотори

1.4 TSI 110 kW (150 PS) 4×4, максимална брзина 197 km/h, 0-100 km/h за 9.8 секунди, комбинирана потрошувачка од 6.8 l за 100 km, 153 g CO2/km
2.0 TSI 132 kW (180 PS) 4×4, максимална брзина 207 km/h, 0-100 km/h за 8.0 секунди, комбинирана потрошувачка од 7.3 l за 100 km, 168 g CO2/km
2.0 TDI 110 kW (150 PS) 4×4, максимална брзина 197 km/h, 0-100 km/h за 9.5 секунди, комбинирана потрошувачка од 5.3 l за 100 km, 139 g CO2/km
2.0 TDI 140 kW (190 PS) 4×4, максимална брзина 210 km/h, 0-100 km/h за 8.9 секунди, комбинирана потрошувачка од 5.7 l за 100 km, 150 g CO2/km

Сите вести