ŠKODA натпревар во економична потрошувачка

22.09.2011

Победничкиот модел Fabia троши само 2,78 литри на 100 km.

> 30-то издание на штедливо возење со возилата ŠKODA
> 59 тимови на авто-клубот ŠKODA од Млада Болеслав учествуваа на настанот
> Интернационални учесници

Млада Болеслав, 18 Септември 2011 – Објавени се победниците на ŠKODA штедливо возење 2011. Најниската просечна потрошувачка на гориво од само 2,78 литри на 100 km беше постигната од страна на двајца возачи Марек Трибула и Мартин Кадлец со моделот Škoda Fabia 1.2 HTP. Во посебната категорија " Historic " победи Петр Хорничек и Михал Фрејвалд со моделот Škoda Felicia од 1997 година со потрошувачка од 4,06 литри на 100 km. Победник во категоријата "ŠKODA Handy" се Франтишек Лиска и Јарослав Беднар. Натпреварот во најниска потрошувачка на гориво за моделите на Škoda се одржа по 30 пат. Како и во претходните години, целта беше да се извози конкретно зададена далечина со најмало количество гориво.

59-те тима со петте модели од гамата на Škoda – половина од нив беа со дизел, другата половина беа бензински мотори – беа поставени на стартот од рутата долга 325,9 km. Стартот и финишот се наоѓаа во иста точка-сервисниот центар на Škoda, а натпреварувањето беше организирано од автоклубот на Škoda од Млада Болеслав. На првиот ден возачите возеа до Трутнои, а во неделата возачите возеа назад до Космонои.

Бодувањето на резултатите беше изведено согласно моторите, кои беа поделени во осум категории. Имаше две специјални категории „Škoda Handy” и „ Historic“. Следниве параметрите беа испитувани : емисијата на CO2, просечната потрошувачка и разликата меѓу актуелната потрошувачка и стандардот. Покрај екипите од Чешка, учествуваа и екипи од Полска, Словачка и Русија. За прв пат, се натпреваруваа и лица со специјални потреби.

Годишното издание на штедливо возење беше многу успешно ", изјави Јозеф Палка, претседател на автоклубот ŠKODA од Млада Болеслав. "Сите учесници уште еднаш покажаа колку економично може да се вози со ŠKODA. Натпреварот на возачите кои се лица со специјални потреби беше особено импресивен. "

Техничка поддршка на овој настан даде ŠKODA сервисниот центар со посебни простории каде што се вршеше техничка подготовка и преглед на возила кои се натпреваруваа.

Оваа година светскиот шампион во штедливо возење (со седиште во Австрија) Герард Платнер извозе 2006 километри со само еден резервоар со својата ŠKODA Fabia GreenLine. Тоа значи само 2,21 литри на 100 километри, иако просекот во Европа за истиот модел изнесува 3.4 l/100 km.

Сите вести