Škoda Auto ги презентираше новите фотографии од производите коишто имаат нов дизајн. Промените вклучуваат надворешен дизајн, технологија и ново портфолио мотори. Иако висината на возилото е непроменета, новиот дизајн којшто го нагласува новиот преден дел на брендот ги прави Fabia и Roomster подинамични и посамоуверени од претходно. Фејслифтот се однесува и на моделот Scout којшто ќе биде претставен на саемот во Женева.
Новиот изглед на Fabia и Roomster е сочинет од нова предна решетка и тродимензионални предни светла коишто се значително проширени со цел да ја одбележат хоризонталната линија на предниот дел на автомобилот.И покрај динамичниот преден дел, Fabia не ја изгуби својата елеганција, а Roomster сеуште ги краде погледите. Двете возила изгледаат доста сигурно, зрело и емоционално се истакнуваат. Популарните карактеристики, како што е обликот на стаклата на кабината кои потсеќаат на визир на кацига се главен дел од идентитетот на Fabia и Roomster, останаа непроменети. Дополнително, двата модернизирани модела вклучуваат алуминиумски фелни, декоративни лајсни и нови бои.
Пред неколку години, Fabia стана основен модел на портфолиото на Skoda во класата на компактни автомобили којашто сега е сочинета од вкупно пет модели. Технолошките подобрувања што беа имплементирани во Fabia, ќе бидат имплементирани и во Fabia Combi и Roomster (MPV), како и нов преден дел и напредни мотори со суперполнење. Всушност најголемата промена кај Fabia и Roomster е во делот на мотори. Ќе бидат понудени вкупно седум бензински и три дизел мотори со моќност од 44 до 77 kW во Fabia, и од 51 до 77 kW во Roomster. Сите мотори коишто ќе влезат во Европската Унија се во согласност со ЕU 5 стандардот и имаат мала потрошувачка и ниски емисии на СО2.
Целта на развојот на Skoda е да ја зголеми моќноста на своите автомобили, а истовремено тие да бидат повеќе пријателски настроени кон околината. Комбиниран со оптимизиран седумстепен DSG менувач со двојно квачило, новиот 1.2 TSI бензински мотор (77 kW) има потрошувачка од 5.3 литри на 100 километри. Четирицилиндарскиот TSI мотор е достапен во две изведби – 63 и 77 kW. Двете верзии ќе бидат достапни во комбинација со петстепен мануелен менувач.
Моќта на 1.2 и 1.6 литарските дизел мотори се движи од 55 до 77 kW. Сите дизел мотори се опремени со ДПФ филтер. Една од главните предности е Common Rail со висок притисок – притисокот на вбризгувањето е 1.600 бари, а пизоелектричните инјектори се толку брзи што можат да инјектираат пет пати одеднаш. Како резултат на тоа, сите мотори работат подобро и со помала емисија која е под 110 грама на километар во целата линија на дизел мотори.
Во портфолиотото на мотори влегуваат:
- 1.2 HTP/44 kW (60 КС)
- 1.2 12V HTP/51 kW (70 КС)
- 1.4 16V/63 kW (86 КС)
- 1.2 TSI/63 kW (86 КС)
- 1.2 TSI/77 kW (105 КС)
- 1.6 16V/77 kW (105 КС)
- 1.6 16V/77 kW (105 КС) (A)
- 1.2 TDI CR DPF/55 kW (75 КС)
- 1.6 TDI CR DPF/66 kW (90 КС)
- 1.6 TDI CR DPF/77 kW (105 КС)