Возачот само помислува и Yeti врти.

Системот за помош при паркирање самостојно го управува Вашиот Yeti. Притиснете на коче, поставете степен за возење наназад и додајте гас, односно сопрете. Управувањето го презема Yeti. Местото за паркирање треба да биде големо најмалку 5 метри. Тоа значи растојание од само 40 cm напред и назад во паркирана положба.

Со Колумбо на истражувачко патување.

Радио ДВД навигацискиот систем Columbus е висококвалитетен производ со низа интересни функции. Тој ртасполага со 6,5" дисплеј со екран на допир со висока резолуција, навигациско ДВД за западна Европа, интегриран читач на SD картички и многу друго. Хард дискот нуди 30 GB мемориски капацитет за навигациски податоци и музички датотеки во MP3 или WMA формат. Уредот овозможува и Offroad навигација, т.е. можете да меморирате рути вон дигитализираната патна мрежа, на пр. теренски патишта.

На сите четири.

Погонот на четири тркала, зависно од возната ситуација го распределува вртежниот момент на моторот на сите четири тркала. Haldex спојката од четвртата генерациај реагира со брзина на светлоста и гарантира извонредна прилепеност. Резулат од сето тоа е безбедната контрола над возилото при сите патни услови и во исто време, и економичен погон.

Чувствувајте се добро и на теренски патишта.

Offroad системот за помош содржи мноштво интелигентни функци. При теренските патувања, ќе Ви помогнат Offroad поставувањата на системот за контрола на пролизгување (ASR), електронската блокада на диференцијалот (EDS) и антиблокирачкиот систем (ABS), како и системот запомо при поаѓање на нагорнина.

Динамично, моќно движен.

Директното вбризгување гориво со Turbolader, малата емисија на гас, атрактивните вредности за потрошувачката, категоризирањето во EU5 класата, серискиот филтер за дизел честички и продолжените интервали за одржување се само фактичките аргументи за моторите на Yeti. Aber Но емотивно ќе Ве убедат: големата динамика во широк спектар на број на вртеѓи на моторот и добриот вртежен момент нудат неочекувано задоволство при возењето. Можете да изберете помеѓу два моќни TSI бензински мотори и три дизел мотори со најмодерен Common-Rail директно вбризгување. Освен тоа, зависно од моторот, можете да се одлучите помеѓу погон на предните тркала и погон на четири тркала 4x4.