Безбедност на патот.
Веќе и високиот квалитет на материјалите на Yeti несомнено придонесуваат за пасивната безбедност. Активната и пасивната безбедност се на извонредно ниво:
- До девет воздушни перничиња и сериска ESP,
- Извонредна возна стабилност и прецизност при управувањето,
- Одлична аголност во градски сообраќај, како и добар преглед со повишената седечка позиција,
- Многу добра тракција, дури и на полизгави површини во градксиот сообраќајн или на отворен терен.
Добро заштитени.
Воздушното перниче за возачот и совозачот, како и страничните воздушни перничиња на крилата на потпирачите на предните седишта даваат ефикасна заштита. Безбедноста на патниците се обезбедува со прогресивно еластични судирни зони во предниот и задниот дел со исклучително цврста и тврда патничка кабина. Вратите располагаат со трикратно странично зацврстување. Се разбира, задните седишта се опремени со потпирачи за глава и триетапни сигурносни појаси.
Во случај на незгода односно целосно сопирање, трепкачите автоматски се активираат, се вклучува внатрешното осветлување и се отклучува евентуално заклучената централна брава. Пумпата за гориво веднаш се затвора.
Воздушна торба за колената.
Воздушното перниче за колената под управувачкиот столб ги заштитува колената и потколеничната коска на возачот.
Мислевме на сè.
Задните странични воздушни перничиња ги заштитуваат карлицата и градниот кош на патниците на надворешните задни седишта.








