Најмодерна технологија и мала доза на здрав човечки разум.

Кога двете ќе се соединат, може да се создаде возило, кое нуди лесна ориентација и совршен преглед. Со иновативни идеи, кои никогаш не се цели сами по себе. И кои прават да биде забележано: Škoda не само што размислуваше – туку и размислуваше однапред.

Автоматски менувач со двојна спојка со 7 степени – нешто сосема поинакво.

Автоматскиот менувач со двојна спојка со 7 степени е единствена техничка иновација за варијантата на мотор 1.8 l TSI 160 PS. Благодарение на седмиот степен на менувачот, кај овој менувач со двојна спојка можно е уште помеко менување на степени, а со тоа и максимално искористување на потенцијалот на бројот на вртежи на моторот. Чувствителното и притоа брзото менување степени не само што предизвикува поголемо задоволство при возењето, туку и доведува до штедлива потрошувачка на гориво. Ова е впрочем карактеристично за сите понудени варијанти на мотор.

Доверба, која има свои причини.

Радувајте се на она, што се наоѓа пред Вас – ќе го видите порано. Со новите прилагодливи предни фарови (AFS), кои во услови на темнина автоматски го прилагодуваат осветлувањето на патот кон брзината, како и кон дадените возни и временски услови:

  • Светлото за свртување за осветлување на страничната област при паркирање и при маневри за свртување
  • Динамичното светло за кривини го следи движењето на свртување од 10 km/h
  • Модот за лоши временски услови посилно го осветлува коловозот
  • Модот за градско возење Ви гарантира помеѓу 15 km/h и 50 km/h подобар поглед кон хоризонтот.
  • Модот за меѓуградско возење ја претставува стандардната распределба на светлото
  • Модот за возење по автопат се грижи од 90 km/h за должината на светлосниот сноп, која постепено се зголемува

4x4 погон на сите тркала за доверба во многу животни ситуации.

Верзијата 4x4 е без сомнение особеност во понудата – која специјално се покажува во спортскиот начин на возење во кривини, при зимски услови на патот или при значително влажен коловоз. Возењето со Superb Combi 4x4 Ви овозможува да почувствувате уште еден плус кон безбедноста, особено при лизгав коловоз или при возење по планински пат. И управувањето на задната осовина со помош на докажаниот Haldex-куплунг овозможува многу брзо реагирање на променетите услови на одговорност.