Одговорно мислење однапред или весела безгрижност?

Факт е: Едното произлегува од другото. Кога еден обемен концепт за безбедност се грижи за тоа, во секое возење неограничено да се ужива. Доколку може да се смета на максимална заштита, на што и да наидете: следна крстосница, дождливо време - или ноќе.

Да се зачува трезвеноста.

По активирањето, сериските воздушни перничиња за глава создаваат површина од А- до C-столбот, кои ги заштитуваат како возачот и совозачот, така и другите патници во задниот дел од возилото.

Луксузот на смирувачката безбедност.

Воздушното перниче за колената под управувачкиот столб ги штити колената и потколениците на возачот. Исто така, во сериската опрема влегуваат и воздушното перниче за возачот и совозачот, кои нудат ефикасна заштита при фронтален удар.

Деактивирањето на воздушното перниче за совозачот е неопходно, доколку на совозачкото седиште се наоѓа детско седиште, кое монтирано во правец спротивен од оној на возењето. Деактивирањето се врши во фиоката за ракавици со контакт-клучот.

Страничните воздушни перничиња напред штитат во случај на повреда на карлицата и градниот кош. Друг новитет исто така – страничните воздушни перничиња позади, кои се наоѓаат на страните од задните седишта помеѓу потпирачот и вратата.