Екстраваганција, која се среќава со возните перформанси.

Она што се чини како голем контраст, е веќе целосен факт. Верувајте им на очите и откријте ги сите употребливи детали во елегантната внатрешност на новиот Superb. Возило, во кое дури и очилата, торбата за пазарење, чадорот и уморните нозе патуваат во прва класа.

Комфор кој може да се види и почувствува.

Поединечните контролни елементи и прекинувачите се наоѓаат токму таму каде што и очекувате да ги најдете. Новата генерација на управувачи Ви стои на располагање во пет различни варијанти, кои се разликуваат по форма, материјал и функција и ги исполнуваат највисоките барања. Со секое поединечно Superb може комфорно и правилно да се управува.

Осветлувањето во просторот за нозете позади го дефинира луксузот.

Ова е само едно обележје на комфорот од многуте. Просторот за нозете позади ќе Ве задоволи во секој случај. Ги надминува димензиите на многу возила од најгорната луксузна класа.

Ние нема да Ве оставиме да стоите на дождот.

Практичната преграда за чадор во левата задна врата е така конструирана што влагата од чадорот истекува надвор од возилото и на тој начин чадорот може да се смести и влажен.

Мал детаљ, голем ефект.

Куки на расклопување во багажниот простор за безбеден транспорт на пример на торби за пазарење.