Најмодерна технологија и мала количина на здрав човечки разум.

Кога двете ќе се сретнат, може да настане возило кое нуди лесна ориентација и совршен преглед. Со иновативни идеи, кои никогаш не се цел сама по себе. И кои ги прават нештата забележливи: Škoda не само што размислува туку и мисли заедно со Вас.

Менувач со двојна спојка со 7 степени – нешто сосема поинакво.

Автоматскиот менувач со двојна спојка со 7 степени е единствена техничка иновација за варијантата на мотор 1.8 l TSI 160 КС. Благодарение на седмиот степен кај овој рачен менувач со двојна спојка можно е понежно менување на степени и со тоа максимално искористување на потенцијалот на вртежниот момент на моторот. Финото и притоа брзо менување степени не води само кон задоволство при возењето, туку и кон особено штедлива потрошувачка на гориво. Ова е имено карактеристично за сите понудени варијанти на мотори.

Доверба што има свои причини.

Радувајте се она што е пред Вас – Ќе го видите и порано. Со новите прилагодливи предни фарови (AFS), кои во услови на темнина осветлувањето на патот автоматски го прилагодуваат на брзината на конкретната возна ситуација и конкретните временски услови:

  • Светло за свртување за осветлување на страничниот дел при паркирање и при свртување
  • Динамично светло за кривини од 10 km/h го следи движењето на управувачот
  • Мод за невреме го осветлува коловозот
  • Модот за возење низ град гарантира подобра видливост во ширина помеѓу 15 km/h и 50 km/h.
  • Модот за меѓуградско возење ја репрезентира стандардната распределба на светлото
  • Модот за возење на автопат од 90 km/h се грижи за висината на светлосниот сноп, која се зголемува континуирано

4x4 Погон на четири тркала за доверба во многу животни ситуации.

Верзијата 4x4 е без сомневање особеност на понудата – која се покажува посебно кај возните карактеристики при спортско возење во кривини, зимски услови на патиштата или и на влажен коловоз. Возењето со Superb 4x4 овозможува да се почувствува позитивното во однос на безбедноста, особено при возење на лизгав коловоз или при поаѓање на планински улици. И регулирањето на задната осовина со помош на тестираната халдекс-спојка дозволува многу брзо реагирање на сменетите услови на патот.