Поврзување на бизнисот и задоволството.

И притоа сите да се инспирираат: инжињери, дизајнери, експерти за безбедност – и сопствениците на возилото. Не е невозможно, туку е посебен предизвик. Предизвик што го среќаваме со возилото, што на идеите им дава простор и задоволува на уникатен начин. Škoda Superb. Првата лимузина со пет врати.

Исто толку елегантен како и практичен

Од една страна нежна елеганција. Од друга страна гломазен багаж. За нас тоа не е спротивност, туку повод за нов развој: патентиран TwinDoor на Škoda. Совршен пример за тоа дека невообичаениот дизајн е оправдан и во вообичаени ситуации. Од фасцинација настанува убедување – и од раздразнувачко товарење и растоварување - задоволство.

Прилагодливи предни фарови

Би-ксенонските светла со прилагодливи предни фарови (AFS) пленат како со нивната привлечна надворешност така и со техничката рафинираност. Благодарение на маркантната форма и проширувањето кон страничните површини му даваат на новиот Superb динамичен израз.