Дополнителна опрема за Roomster.

Светло за свртување.

По желба интегрираното светло за свртување во фаровите за магла е логичка помош при свртувањето во неосветлени странични улици или при паркирање во темно. Тоа дополнително го осветлува пределот странично на обичниот светлосен сноп на фарот. Притоа при трепкање или одреден агол на свртување на управувачот налево или надесно автоматски се активира конкретниот фар за магла. Во комбинација со светлото за свртување, дизајнот на фаровите за магла е секогаш врвен.

Спојка за приколка.

Како опција на располагање стои монтирачка спојка. 7 пински адаптер се содржи во оригиналната опрема и програма на Škoda.

Електрично поставување и загревање на надворешните ретровизори.

Надворешните ретровизори што електрично се поставуваат и се загреваат не значат само комфор, туку и безбедност. Контролниот елемент е лесно достапен и се наоѓа во близина на левата дланка на возачот.

CD-Менувач.

CD-менувачот за шест диска практично е вграден под преградата за ракавици на долниот дел на инструменталната табла, пред седиштето на возачот. Може да се нарача со сите пакети на опрема.

Кровни шини.

Практично: На кровните шини на Roomster можете да прицврстите на пр. носач за скии или велосипед. Кровните шини ја следат хармоничната линија на возилото. Особено елегантен акцент даваат сребрено лакираните кровни шини.

Динамичен пакет.

Спортскиот динамичен пакет ги содржи следниве опреми:

  • Спортски седишта напред
  • Кожен управувач со 3 краци
  • Копче на менувач и рачка на рачна сопирачка во кожа
  • Ентериер Pulse

Носачи за велосипеди.

Roomster ви нуди комфор при патување со спортска намера. На пример, носачот за велосипеди може да се постави во внатрешноста на автомобилот, на самиот крај од багажникот. Кога ќе ги извадите задните седишта, во автомобилот можете лесно да пренесете два велосипеда.

Уред за разговор со слободни раце со Bluetooth.

Исто така во понудата: Уредот за разговор без раце со Bluetooth-технологија за GSM 900 и 1.800 MHz. Ве молиме информирајте се кај Вашиот Škoda советник, дали Вашиот мобилен е компатибилен со уредот за разговор со слободни раце и Ви стои на распалогање адаптер.

Функциски пакет.

Функцискиот пакет опфаќа голем број на практични детали и нуди мудра финансиска предност. Содржи:

  • Преграда на сколпување пор предните седишта
  • Мобилен држач за корпа на десното куќиште на тркало
  • преграда на задните странични врати
  • преграда за очила на покривот
  • Светло за читање позади во средината
  • И многу повеќе

Масичка на склопување.

Масичката на склопување с енаоѓа на задната страна на средното задно седиште и со помош на обата потпирачи за раце се овозможува поголема удобност во "Living Room".

Клима уред "Climatronic".

Клима со која ќе се чувствувате пријатно. Потребно е само да се постави внатрешната температура. За останатото ќе се погрижат сензорите и електричното управување на клима-уредот „Climatronic“.

Воздушни завеси за главата.

Воздушните завеси за главата во случај на несреќа го покриваат по должина целото подрачје на прозорецот. Со тоа ги штитат патниците на предните и задните седишта од допир со страничните прозорци и столбовите на каросеријата.

Светло за кривини вкл. светло за свртување

Возите претпазливо? Roomster го прави истото. При користење на светлото за кривини следат и иновативните бихалогени фарови во сооднос вртењето на управувачот на кривина и се грижат за подобра видливост. Во оваа опција се содржи и: светло за свртување. При тоа автоматски се активираат фаровите за магла при нагло свртување на управувачот налево или надесно – корисна дополнителна функција на непрегледни кртстосници, при вртење во неосветлени улички или при паркирање во темница.

Варијабилен под за товарење.

Варијабилниот под за товарење во багажниот простор е совршено наменет за сместување на предмети, кои се носат во возилото, а не се користат често. Освен тоа подот за товарење го доведува багажниот простор на исто ниво со работ на товарење. Тоа го олеснува ракувањето и пристапот до багажот.

Кожен управувач.

Кожниот управувач е достапен со 4 краци или во спортска изведба со 3 краци. Кај оваа опција исто така достапни се и менувач со копче и рачка на рачна сопирачка во кожа.

Ентериер од кожа и ткаенина Floss.

Префинет ентериер од кожа и ткаенина Floss распрснува мирис на луксуз. Внатрешноста на Вашиот Roomster преку оваа опција повторно искусува јасна вредност.

Повеќенаменски управувач за радио-уред.

Повеќенаменскиот управувач за радио уред зад управувачот овозможува употреба на главни функции на авто-радио и мобилниот телефон, без да морате да ги симнувате рацете од управувачот. Тоа не само што го зголемува комфорот, туку и придонесува кон сигурноста на возењето.

Комплет мрежи.

Со комплетот на мрежи вашиот багажен простор секогаш ќе биде среден. Мрежите ќе спречат движење и евентуални оштетувања на багажот кој го пренесувате. Можат да се нарачаат за сите верзии.

Мрежна преграда.

Мрежната преграда не е добра само за јасна поделба на багажниот од патничкиот простор, туку и ги штити патниците при нагло кочење како и од недоволно обезбеден товар. При неупотреба мрежната преграда за да заштеди простор може да се чува во некоја торба, која што биможела да се закачи на окцата во багажниот простор.

Панорамски кров.

Панорамскиот кров е од слоевито стакло, што спречува прекумерно загревање на внатрешноста на автомобилот, а истовремено ве штити од ултравиолетовите зрачења. Ако е потребно, целото стакло може да се затемни со повлекување на две завеси кое се интегрирани во панорамскиот кров.

Сензор за паркирање.

Сензори за паркирање - да се имаат или не? Одговорот е јасен за оние кои често паркираат во градот. Ви ги нудиме како дополнителна можност за сите верзии.

Систем за контрола на притисокот TPM.

За постојана контрола на притисокот во гумите се грижи ТРМ системот (Tyre Pressure Monitoring). ABS-сензорите го регистрираат намалувањето на вртежите на недоволно напумпаната гума. Контролната сијаличка на инструментната табла веднаш го регистрира овој дефект.

Навигациски систем Amundsen

  • за Octavia(1Z) од KW 45/2008, Superb(3T), Yeti(5L) и Fabia/Roomster од MJ11
  • само за возила со подготовка за втор тјунер
  • регулирање со помош на 5“ дисплеј на допир во боја (TFT)
  • уредот поддржува приказ на мапи на FX платформа, навигациското CD не е составен дел на комплетот
  • TMC (Traffic Message Channel)
  • дополнителна илустрација на навигацијата и на голем дисплеј со точки MaxiDOT
  • можност за приклучување на надворешни аудио уреди (на пр. iPod) со помош на контактен приклучок Aux-in
  • илустрација на името на изведувачот, албумот и редоследот на песните кај MP3 датотеки, кои што ги содржат тие информации - можност за приклучок на CD менувач
  • можност за меморирање на навигациски податоци на SD картичка со помош на интегриран читач
  • CD механизмот репродуцира навигациско CD, аудио CD и CD-MP3 - не може да се користи кај возила со метализирано или загреано предно стакло
  • комплетот содржи: навигациски систем, GPS антена и упатство за монтирање

Затемнети стакла на В столбот - SunSet.

Затемнетите стакла од В-столбот ја потенцираат динамичната линија на Roomster и при тоа штитат од љубопитни погледи.

Tempomat.

Системот за регулирање на брзината е дополнителна опрема наменета за возачите кои често одат на долги патувања по автопат. Управувањето со системот е едноставно: кога возите со брзина која ви одговара и која сакате да ја задржите, само прилагодете ја со лесен притисок на малата рачка под управувачот. Системот за регулирање на брзината тогаш автоматски ја одржува наместената брзина.

Предни седишта со загревање.

Предните седишта што се загреваат се благодет во зимските месеци. За користење не е потребно ништо повеќе од едноставна рачка.