Удобна атмосфера.
Интериерот со врвен квалитет Ви нуди флексибилен простор за Вашиот живот. Многубројните варијанти на поставување на седиштата и боите на контролната табла ви стојат на располагање. Сите контролни елементи се прегледно подредени и едностовни за ракување, затоа што само така можете при возењето да се сконцентрирате целосно на улицата.
Повеќе светлина во видното поле.
Добре дојдовте во Roomster. Разгледајте на мира – и откријте го секој дел на изненадувачкиот надворешниот или внатрешниот изглед. А потоа, кога ќе погледнете низ 0,8 m² големиот панаорама покрив ќе утврдите: Можностите за откривање нешто ново се отворени нагоре.
Удобен "Living Room".
Eкстра големиот страничен прозорец и за 46 mm зголемените седишта во задниот дел му даваат на внатрешниот простор ново чувство на распостранетост и им овозможуваат на големите и малите патници на задните седишта неограничен поглед на светот, кој што минува покрај нив.
Кој нуди повеќе?
Во Roomster во никој случај не смеете да се откажете од удобноста. Без разлика дали Tempomat, електронски регулиран клима уред, уред за разговор со слободни раце со Bluetooth, предни седишта што се загреваат, автоматски менувач со 6 степени со Tiptronic или навигациски систем – изберете ја онаа дополнителна опрема, која што ќе направи автомобилот удобен лично за Вас.
Врвно уживање.
Радио "Dance" со MP3 CD-плеер, аудио конектор за приклучок на iPod und Co., CD-менувач со 6 прегради, јачина на звучници до 8. Добро звучи, што сè има да понуди Roomster.








