Зголемување на просторот: Roomster.
Без разлика дали повикува плажата или планината. Дали радоста поканува на движење или Outlet-центарот на пазарење. Дали децата мораат на тренинг или пријателите на финален натпревар: VarioFlex-системот од три одделни поединечни седишта позади, не е само променлив и флексибилен – пред сè е брз и едноставен за ракување.
Почетна позиција.
При исправен грбен потпирач багажниот простор собира до 560 литри. Прекривката во багажниот простор може да се фиксира во две нивоа. По желба достапниот мрежен ѕид се грижи предметите што ги превезуваш да останат каде што им е место: во багажниот простор на твојот Roomster.
Mаксимална слобода – дел од сериска опрема.
Можеш: двете надворешни задни седишта да ги поместиш 15 cm нанапред или наназад. Навалувањето на седиштето индивидуално да го наместиш. Средното седиште да го извадиш и надворешните седишта да ги поместиш кон средина за околу 11 cm. Или сите седишта целосно да ги извадиш – без алат, без мака. Но со максимална слобода – дел од сериска опрема.
Чекор по чекор до повеќе волумен.
Со тоа што ќе ги навалиш потпирачите на VarioFlex-задните седишта поединечно или сите три, можеш постепено да го зголемуваш товарниот волумен. Доколу задните седишта се целосно спуштени, на пазарењето ништо не му стои на пат.








