ОНОЈ ШТО НУДИ МНОГУ ПРОСТОР

Убав на практичен начин и практичен на убав начин: ŠKODA RAPID Во спортски стил, со својот динамично-елегантен дизајн, сосема опуштено потврдува, дека семејниот автомобил не мора секогаш да изгледа како семеен автомобил.

ŠKODA RAPID Sport се залага за повеќе комфор и секако за повисоко ниво на технологија и безбедност, што го прави идеален придружник при патувањето за Вас и Вашето семејство. А пред сè, тој се залага за повеќе простор: големата задна врата и волуменот на багажниот простор се единствени во неговата класа.

СПОРТСКИ ЧЛЕН

Од ново обликуваното лого, спортската решетка, па сè до предните фарови, дизајнот на предниот дел совршено се надополнува во целосниот динамичен изглед на ŠKODA RAPID Sport
Задните светла на RAPID Sport го имаат типичниот С-облик на ŠKODА.

ПРОСТОРНОСТ

Без разлика колку се големи Вашите планови: во багажниот простор на RAPID Sport со зафатнина од 1 490 литри за нив има загарантирано доволно место.

При превезување на поголеми објекти, полицата од багажниот простор често пречи. Но не и оваа полица, затоа што неа можете да ја сместите директно зад задните седишта.

МОТОРИ

RAPID е достапен со три бензински и два дизел мотори.

TSI МОТОРИ

Бензинските мотори имаат сосема нов дизајн и располагаат со Start-Stop системи рекуперација на енергијата добиена при сопирање.

TDI МОТОРИ

Дизел моторите на RAPID се посебно наменети за оние возачи коишто возат илјадници километри годишно, а сепак за приоритет ја сметаат малата потрошувачка на гориво.

БЕЗБЕДНОСТ

Безбедно патување благодарение на системите за помош. RAPID е опремен со мноштво системи за помош правејќи го Вашето возење уште побезбедно. Воздушните перничиња за возачот и за совозачот ги штитат патниците на предните седишта. Воздушното перниче за совозачот може да се исклучи во случај кога на седиштето на совозачот се наоѓа наназад насочено детско седиште. Страничните воздушни перничиња во случај на судир ги штитат карлицата и градниот кош. Воздушните перничиња за глава по нивното активирање го покриваат делот на страничните прозорци од столбот А до столбот C и на тој начин ги заштитуваат патниците.

Со предностите коишто ги нуди,SKODA RAPID одушеви и на „крештестот“ на EuroNCAP и ги доби сите пет ѕвезди.

Сподели

Информирајте ги вашите пријатели во социјалните мрежи:

Сподели преку e-mail