Дополнителна опрема за Praktik.

Кровни носачи.

Доколкну не ви е доволно 1.900 литри на товарен простор, Шкода Praktik можете да ја опремите со кровни носачи.

Возачко седиште што се поставува во висина.

Возачкото седиште што се поставува во висина соодветствува на секој возач и гарантира оптимална седечка позиција во Вашиот Praktik.

Решетка за задното стакло.

Решетката за задното стакло го штити стаклото од кршење, а другите учесници во сообраќајот од повреди.

Фарови за магла.

Да се гледа и да се биде виден: Фаровите за магла се грижат за безбедно возење и динамичeн перформанс.

Radio Blues.

1-DIN-радио Blues нуди CD-плеер, со кој може да се репродуцираат и MP3-CD-а.

Радио Swing.

Музичкиот систем Swing е опремен со AM/FM радио со радио податочен систем RDS и системи за сообраќајна програм, дуална антена за извонреден прием, CD/MP3 пјелер со засилувач (4 x 20 W). Дисплејот ги прикажува и поставувањата на клима уредот Climatronic и на сензорите за паркирање.

Странични воздушни перничиња.

Страничните воздушни перничиња се сместени во страничните ѕидови на предните седишта и го штитат возачот и совозачот.

Странични заштитни лајсни.

Работното секојдневие е стресно: За да бидат Вашите врати заштитени од невнимателност при излегувањето, можете да го опремите Вашиот Praktik со странични заштитни лајсни.

Tempomat.

Tempomat е пред се резумно дополнување за оние возачи кои поминуваат доста време на пат. Поставувањето при тоа е многу едноставно: кога ќе ја постигнете посакуваната брзина со која што сакате да го продолжете возењето, активирајте го системот со едно лесно притискање на копчето на рачката под управувачот. Системот после тоа автоматски ја одржува посакуваната брзина.

Предни седишта со загревање.

Предните седишта што се загреваат се благодет во зимските месеци. За користење не е потребно ништо повеќе од едноставна рачка.