Дополнителна опрема за Octavia Combi.

Светло за свртување

Предните фарови за магла можат да функционираат и како светла за свртување. На тој начин подобро се осветлуваат кривините со помал радиус, пешачките премини или местата за паркирање.

Светлото за свртување се активира при брзина до 40 km/h, со соодветно вртење на управувачот и активирање на трепкачот.

Програмирано собирање.

Надворешните ретровизори, кои што електрично се собираат се особено практични при паркирање во градот. При заклучувањето на возилото, тие автоматски се собираат и се на тој начин заштитени од оштетување.

Помошен уред за возење по угорнина (HHC Hill-Hold-Control)

Овој систем ви овозможува возење по угорнина без активирање на кочницата. Притисокот на кочницата се одржува 1 до 2 секунди откако е активирана и постепено се намалува паралелно со возењето по угорнина, така што возачот може да ја премести ногата од педалата за кочење, а да не треба да користи рачна кочница. Помошниот уред за возењето по угорнина може да се комбинира со ESP.

Преграда за наочари

Преградата за наочари сместена на внатрешната страна на кровот е добар пример за тоа, дека комфорниот автомобил се состои од мноштво мали составни делови.

Клима уред "Climatronic"

Новиот двозонски клима уред целосно автоматски управува со насоката, количеството и температурата на донесениот воздух. За возачката и совозачката страна може да се постават различни вредности.

DSG менувач

Новиот автоматски менувач со 6 или 7 брзини со tiptronic функцијата располага со две спојки. Оваа техника овозможува возење скоро без да се прекине влечната моќност.

Уред за телефонирање без слушалка со bluetooth-функција

Универзалниот уред за телефонирање без слушалка на централната конзола, може да се нарача само заедно со радио или радио-навигациски систем:

  • Кабли
  • Микрофон во кровот
  • Функција на звучникот преку сериските звучници
  • Универзална конзола (без посебен држач за мобилен)
  • Прикажување на телефонскиот именик на Maxi-DOT екранот

Оптимално може да се комбинира со мултифункционалниот управувач за ракување со радио и телефон.

Електрично регулирање на прозорците

Уредот за електрично регулирање на прозорците се разбира е опремен со заштита од нагмечување. Со помош на прекинувач на вратата на возачот, може да се блокира електричното регулирање на задните прозорци. Ова е особено препорачливо доколку се возите со мали деца.

Внатрешен декор со изглед на дрво

Кај Octavia Elegance ја имате можноста да изберете. На располагање Ви стои внатрешен декор со изглед на дрво.

Варијабилен под за товарање

Варијабилниот под за товарање на багажнииот простор е совршено наменет за складирање на предмети, кои што ги носите со себе во возилото и не ги вадите секој ден. Освен тоа, подот за товарање го поставува багажниот простор на Octavia Combi на исто ниво со прагот на багажниот простор. Тоа го олеснува ракувањето и пристапот до багажот.

Кожен ентериер "Alcantara"

Кожниот ентериер "Alcantara" е комбинација од кожа и од Alcantara. Alcantara се користи во средишниот дел на седиштата.

Interieur Duo - седишта во кожа-штоф комбинација

Вашата индивидуалност треба да се увиди и во внатрешноста на вашата нова Octavia. Според линијата на опремување можете да изберете меѓу најразлични видови на боја.

Maxi-DOT Екран.

Maxi-DOT екранот служи за прикажување на следните функции:

  • предупредување за вратата, багажникот и просторот за моторот
  • прикажување на интервалот за сервис
  • положбата на раќката на автоматскиот менувач
  • надворешна температура
  • моментална потрошувачка
  •  просечна потрошувачка на гориво
  • растојание
  • помината делница на патот
  • просечна брзина
  • време на возење
  • предупредување при прекорачувањето на брзината
  • радио-приказ (кај оригиналните радио-апарати)
  • пиктограми за навигациониот систем
  • телефонски именик при приклучен мобилен
  • статус на возилото
  • точно време
  • зимски гуми – летни гуми
  • функции со светлосна помош (Coming- Leaving Home)
  • ракување со греењето при мирување
  • предупредување за гориво
  • предупредување за масло и тн.

Повеќефункциски управувач со три крака за радио и телефон

Повеќефункцискиот управувач за радио и телефон овозможува користење на најважните функции на радиото и телефонот. Заедно со DSG менувачот, тој дозволува менување на степените директно од управувачот.

Електрично седиште со меморија

Седиштето на возачот и надворешниот ретровизор опремени се со функцијата за меморирање на три различни положби на седење. Оваа опрема се препорачува посебно кога во исто возило се возат повеќе луѓе. Позиционирањето на седиштето и надворешниот ретровизор може да биде кодирано на клучот на возилото, па така може во секунда да се намести.

Мултимедиски приклучок

Мултимедискиот приклучок се наоѓа во фиоката за ракавици. Во асортиманот на оригиналната дополнителна опрема на Skoda достапни Ви се кабли за различни уреди. За подетални информации обратете се на Вашиот Skoda советник.

Радио "Bolero"

Музичкиот систем Bolero со екран на допир е најдобра понуда помеѓу различните видови радија. Еве ги најдобрите функции:

  • Радио прием со помош на двоен тјунер
  • Меморија за сообраќајно радио
  • Интегриран CD менувач со шест прегради (и за MP3 или WMA ЦД-а)
  • 6,5"-дисплеј во боја со TFT екран на допир
  • Преграда за картичка за SD мемориски картички и многу други.

Фарови за магла

Фаровите за магла се позиционирани во долниот дел на предниот браник и нудат оптимално осветлување во услови на магла. Тие дополнително можат да се комбинираат со светлото за свртување. Постои можност, фаровите за магла за да се користат како постојано светло за дневно возење.

Радио DVD-Навигација "Columbus"

Радио DVD-навигацискиот систем "Columbus" ви ги нуди следните предности:

  • DVD-навигација со 6,5" touchscreen во боја
  • Динамично наведување на рутата со помош на TMC-а (Traffic Message Channel)
  • Приказ на календарот од птичја перспектива
  • HD од 30 GB, од тоа 20 GB за MP3 или WMA
  • Влез за SD мемориска картичка
  • Видео-DVD репродукција (не е достапна за време на возењето)
  • Двоен штимач за подобар прием
  • Навигацискиот DVD за источна Европа (и за западна Европа)

Навигацискиот систем "Columbus" може да се нарача со звучен систем со 12 звучници.

Soundsystem со 12 звучника

За апсолутно задоволство задолжен е Soundsystem со дигитален equalizer и појачало со 12 звучници. Без обзир на видот на музиката која ја сакате вашата нова Octavia ќе се претвори во концертна дворана со совршена акустика.
Високи:4 x 30 W / средни: 4 x 40 W / бас: 4 x 100 W

Во секоја врата вграден е по еден звучник за високи, средни и бас тонови.
Излезната моќност на појачалото изнесува 8 x 50 W.

Радио ЦД навигациски систем "Amundsen"

Поволна алтернатива на радио ДВД навигацискиот систем "Columbus" претставува ЦД навигацискиот систем "Amundsen". Тој ги нуди следните функции:

  • 5" дисплеј со екран на допир
  • Навигациско ЦД за Австрија, Швајцарија и Лихтенштајн
  • Line-in аудио приклучок на уредот
  • Уред за читање на SD картички за зачувување на навигациските податоци на SD картичка
  • Влезот за SD картички може да се користи и за MP3 или WMA датотеки

Греење во мирување "Oslo"

Греењето во мирување е достапно за повеќе варијанти на моторот и може индивидуално да се намести со помош на повеќефункциските копчиња за Maxi-DOT. Освен тоа, постои можност за директно вклучување и исклучување.

Xenon-светла

Предностите на Xenon рефлекторите се состојат во тоа што подобро го осветлуваат патот, појаки контрасти, подобро разликување на препреките, а со тоа и подобра реакција на возачот во непредвидливи ситуации.