Менување степени.

Автоматскио менувач со двојна спојка DSG со седум степени е техничка иновација за варијантите на мотори 1.2 TSI со 105 PS, 1.4 TSI со 122 PS и 1.8 TSI со 160 PS. Благодарение на седмиот степен, кај автоматските менувачи со двојна спојка се овозможува уште покомфорно менување на степени, а со тоа и максимална искористеност на потенцијалот на вртежниот момент на моторот. Полесното, а со тоа и побрзо менување на степени обезбедува поголемо уживање при возењето и прилично штедлива потрошувачка на гориво.

Максимално задоволство при минимална потрошувачка.

Кон ова во целост се придржуваат и актуелните верзии на моторите на Octavia. Кај бензинците, новиот 1.2 TSI со 105 PS обезбедува добро балансирано возење дури и на подолги патеки, особено во комбинација со автоматскиот менувач со двојна спојка DSG со седум степени. Можете да изберете помеѓу три други бензинци: 1.4 со 80 PS, 1.4 TSI со 122 PS и 1.8 TSI со 160 PS. Се подразбира дека и двата дизел мотори 1.6 TDI со 105 PS и 2.0 TDI со 140 PS ги исполнуваат највисоките стандарди во однос на возните перформанси и потрошувачката.

Посебен борд компјутер.

Maxi-DOT дисплејот со бело осветлување, покрај податоци од борд компјутерот, прикажува и податоци од радиото и по потреба, информации од навигацискиот систем или телефонот.

Менувајте степени како возачите на формула 1.

Одличен комфор нуди повеќефункцискиот управувач со три крака, со кој што, покрај радиото и телефонот, со помош на прекинувачите може да се регулира и менувањето на степени на автоматскиот менувач со двојна спојка DSG. Контролните елементи се така подредени, што лево може да се префрли во понизок и десно во повисок степен.

По стапките на Колумбо.

Динамичниот радио ДВД навигациски систем Columbus далеку ја надминува функционалноста на вообичаените навигациски уреди. Тој нуди 6,5" дисплеј со екран на допир со висока резолуција, навигациско ДВД за западна Европа и хард диск со капацитет од 30 GB, на кој што можат да се копираат навигациските податоци. Хард дискот предвидува околу 20 GB мемориски капацитет за музика во MP3 или WMA формат, што соодветствува на околу 6.500 музички наслови. Со помош на интегрираниот уред за читање на картички. можат да се читаат MP3 и WMA датотеки од SD картички. Благодарение на моќниот процесор, водењето кон целта брзо се пресметува и прикажува.

Оставете да вози.

Уредот за регулирање на брзината нуди релаксирачки комфор. Доволно е притиснување на едно копче и актуелната брзина со која што возите автоматски се држи константна. Благодарение на рачката за трепкачи, уредот се активира брзо и едноставно. Доколку уредот за регулирање на брзината е активиран, тоа се сигнализира на инструментната табла.