Новата дефиниција за комфор.

Без разлика дали сте на кратко возење низ градот по дождливо време, или пак патувате подолго кон сончевите јужни предели: сега Octavia, со многуте удобности се грижи да се чувствувате како дома секогаш кога патувате. Изборот нема да ви биде лесен покрај големиот избор на различни делови за внатрешниот простор, но затоа пак, ќе се чувствувате прекрасно.

Клима уред "Climatronic"

Новиот двозонски клима уред целосно автоматски управува со насоката, количеството и температурата на донесениот воздух. За возачката и совозачката страна може да се постават различни вредности.

Програмирано собирање.

Надворешните ретровизори, кои што електрично се собираат се особено практични при паркирање во градот. При заклучувањето на возилото, тие автоматски се собираат и се на тој начин заштитени од оштетување.

Потпирањето е дозволено.

Широкиот средишен потпирач за раце на задната клупа дозволува пристап до багажниот простор по спуштање на истиот и на соодветната преграда. Преградата во потпирачот за раце нуди можност за сместување на предмети.

Треба да пиете најмалку два литра дневно.

При набројувањето на можностите за сместување, се разбира не смееме да ги заборавите преградите во вратите– тие се толку паметно дизајнирани, што внатре може да се смести дури и еднолитарско шише.

Совршен звук.

Музичкиот систем Bolero е опремен со истите функции како и музичкиот систем Swing. Освен тоа, тој нуди меморирање на сообраќајни пораки (TIM), интегриран CD менувач со шест прегради, 6,5" дисплеј во боја со екран на допир (TFT) и читач на картички за SD-картички за репродукција на MP3 и WMA датотеки. Избраната станица и репродуцираниот музички наслов можат дополнително да се прикажат на Maxi-DOT дисплејот. Музичкиот систем Bolero е компатибилен со Sound системот.