Нов елегантен дизајн.

Од решетката за ладење па сè до задните светла: мноштво од помали и поголеми детали ќе ви овозможат да ја видите Octavia во сосема ново светло.

Маркантна решетка за ладење.

Хромираната лента на решетката за ладење и карактеристичните вертикални ламели заедно ја обликуваат елегантниот и уникатен изглед на новата Octavia.

Фарот "Octavia".

Фаровите повеќе навлегуваат во страничниот дел и го потенцираат динамичниот карактер на предницата. Интегрираниот Octavia натпис е посебен стилски елемент, кој што го овозможува суверениот изглед на Octavia.

Естетски браник.

Поради тоа што е лакиран со истата боја на возилото, исто како и предниот браник и страничните заштитни ленти, задниот браник естетски целосно се вклопува во новиот дизајн. На тој начин, тој на задниот дел на Octavia му дава спортски изглед, кој што се потенцира и со рефлекторите на браниците. Кај задните светла, светлата за паркирање и сопирање заземаат поголем дел од површината, така што Octavia е забележителна и одзади. Кога светлата се вклучени, тие ја формираат буквата „C“, која што, исто како и ознаката на моделот на вратата од багажниот простор, спаѓа во карактеристичните обележја на сите возила од марката Škoda.

Фарот за магла не е само фар за магла.

Светлото за свртување, интегрирано во фарот за магла дополнително ја осветлува околината странично од возилото и се користи при паркирање и свртување. Се активира при брзина до 40 km/h во случај на свртување на возилото или активирање на трепкач, тогаш кога се вклучени главните фарови. Светлото за дневно возење, интегрирано во фарот за магла е сосема нов Octavia детаљ, кој што во споредба со главните фарови кои што се употребуваат навечер, се одликува со посебно мала потрошувачка на енергија.