Најуспешниот модел на ŠKODA на сите времиња - сега уште поиновативен.

Продаден повеќе од 3,5 милиони пати ширум светот, со безброј награди во последните години, а сега, со нов дизајн низ градските улици: новата Octavia ќе Ве воодушеви. Кога се комбинираат ексклузивниот дизајн и комфорот – се создава најпросторната лимузина во својата класа.

Уште полесен и поголем од неговите претходници.

Новиот дизајн ја потенцира класичната елеганција, сплотена со спортска динамика. Техничките иновации, коишто овозможуваат највисок степен на безбедност, комфор и еколошка одговорност, како и многуте изненадувачки детали, секое возење со новата ŠKODA Octavia го претвораат во фасцинантно доживување, и тоа, секој ден.