ОТКРИЈТЕ НОВИ ПОВРШИНИ

Сосема новата ŠKODA KODIAQ

ŠKODA KODIAQ насекаде остава силен впечаток. Тој воодушевува со впечатливата комбинација од моќен дизајн, пространост, исклучителна функционалност, најсовремени системи за помош и иновативни решенија за поврзување.

Дома во дивината

Интелигентниот погон на сите тркала и големото растојание од подлогата се покана да ги започнете авантурите на отворениот терен. Способноста на автомобилот за маневрирање се регистрира од страна на режимот за отворен терен, којшто ги прилагодува подвозјето, контролната единица на моторот и сопирачките за нерамен терен.

C-облик на задните светла

Уште во стандардната опрема, задните светла се опремени со LED-диоди, заедно со задното светло во С-облик што наликува на потписот на ŠKODA.

Бескомпромисен

Широката решетка за ладење прави автомобилот да изгледа стабилен и издржлив. Кога сте на отворен терен, пластичниот штитник за тркала во форма на лак ќе Ви биде како даден од Бога.

Непобедлив кога се работи за товар

Со волумен на просторот за товарање од 720 до 2,065 литри (со спуштени задни седишта), ŠKODA KODIAQ го нуди најголемиот багажен простор во својата класа.

Многу моќност за на пат

Модерните дизел и бензински мотори му гарантираат на возилото доволно моќност на патот. Погонските компоненти, со простор за мотор меѓу 1,4 и 2,0 литри, му даваат моќност со распон од 92 kW до 140 kW. Можете да избирате помеѓу рачен менувач со 6 степени или автоматски менувач со 6 или 7 стени.

Лесен колку што е и голем

Уште една од предностите на ова теренско возило е тежината на празно возило од 1452 kg, што се постигнува со употребата на челик со голема цврстина.

ŠKODA KODIAQ

Името упатува на мечката којашто живее на еден остров во близина на Алјаска, а начинот на кој се спелува потекнува од јазикот на староседелците.

Влегување на нови површини

Теренско возило дизајнирано за секојдневна употреба. Влегување на нови површини. Во сегментот на теренски возила, јазикот на дизајнот на ŠKODA ја истакнува сестраноста на возилото: цврстината, динамиката и елеганцијата.

Просторност

Седум седишта и најголем багажен простор во својата класа Просторност. Седумте седишта и најголемиот багажен простор во својата класа се најсилните атрибути на просторната внатрешност. Не мора ни да се напомене, дека има доволно место во предниот дел, како и на вториот ред седишта.

Безбедност

Големата понуда на безбедносна опрема ќе Ве заштити Вас, Вашето семејство и останатите. Безбедност. ŠKODA KODIAQ воведува цела низа на безбедносни системи за заштита на патниците во ова теренско возило од средна класа, коишто инаку можат да се најдат само во возилата од високата класа. Целосната употреба на челик со голема цврстина исто така придонесува кон Вашата безбедност и безбедноста на Вашето семејство.

Комфор

Контролата на DCC прилагодливото подвозје е само почетокот... Комфор. Покрај извонредниот квалитет на материјалите и звучната изолација што треба да се земе за пример, можете исто така да уживате и во практичните дополнителни опции, како што се управувачот што се загрева и виртуелниот педал за отворање и затворање на задната врата. Уште нешто плус, сите контролни елементи се интуитивно позиционирани за да ги ракувате едноставно и секогаш да Ви бидат на дофат.

Режим за на отворен терен

Вашиот билет кон авантурите на отворен терен Режим за на отворен терен. Од едно големо теренско возило со право се очекува да има одлични перформанси и надвор од патот. Интелигентниот погон на сите тркала и големото растојание од подлогата се идеални за авантурите на отворен терен. Режимот за на отворен терен може да се избере сосема едноставно, само со притиснување на копче (опционално за верзиите со погон на сите тркала во комбинација со системот за избор на возен режим).