Дополнителна опрема за Fabia Combi.

Светло за свртување.

По желба интегрираното светло за свртување во фаровите за магла е логичка помош при свртувањето во неосветлени странични улици или при паркирање во темно. Тоа дополнително го осветлува пределот странично на обичниот светлосен сноп на фарот. Притоа при трепкање или одреден агол на свртување на управувачот налево или надесно автоматски се активира конкретниот фар за магла. Во комбинација со светлото за свртување, дизајнот на фаровите за магла е секогаш врвен.

Електрично поставување и загревање на надворешните ретровизори.

Надворешните ретровизори што електрично се поставуваат и се загреваат не значат само комфор, туку и безбедност. Контролниот елемент е лесно достапен и се наоѓа во близина на левата дланка на возачот.

CD-Менувач.

CD-менувачот за 6 CD-а е сместен под преградата за ракавици пред совозачкото седиште и така во секое време овозможува едноставен пристап, без да морате да излегувате од автомобилот. По избор, на располагање е за сите модели.

Кровни шини.

Навистина практично: На кровните шини на Fabia Combi може на пример да се прицврстат носачи за скии или велосипеди. Освен тоа кровните шини ја нагласуваат хармоничната линија на возилото. Посебно елегантен акцент даваат и сребрено лакираните кровни шини.

 

Динамичен пакет.

Спортскиот динамичен пакет ги содржи следниве опреми:

  • Спортски седишта напред
  • Кожен управувач со 3 краци
  • Копче на менувач и рачка на рачна сопирачка во кожа
  • Ентериер Pulse

Држач за велосипеди.

Сакате безбедно да превезете два велосипеди? Нема проблем благодарение на држачот за велосипеди за багажниот простор. На тој начин кражба, ветер и невреме, зголемена потрошувачка на гориво и променетите возни карактеристики повеќе не се проблем за велосипедистот.

Функционален пакет.

Функционалниот пакет опфаќа бројни практични детали и нуди предност во цената. Тој содржи:

  • Прегради на извлекување под предните седишта
  • Мобилен држач за торби на десното куќиште на тркалото
  • Две склопливи куки за торби во багажниот простор
  • Прегради на задните странични врати
  • Фиока за очила во внатрешниот дел на покривот
  • Светла за читање
  • Огледало за шминкање во штитниците за сонце
  • и многу повеќе..

Handsfree уред со Bluetooth.

Исто така во понудата: Handsfree уред со Bluetooth технологија. Информирајте се кај овластениот Шкода партнер за компатибилноста на вашиот мобилен со handsfree уредот и дали постои адаптер за него.

Клима уред "Climatronic".

Клима со која ќе се чувствувате пријатно. Потребно е само да се постави внатрешната температура. За останатото ќе се погрижат сензорите и електричното управување на клима-уредот "Climatronic".

Воздушни завеси за главата.

Воздушните завеси за главата во случај на несреќа го покриваат по должина целото подрачје на прозорецот. Со тоа ги штитат патниците на предните и задните седишта од допир со страничните прозорци и столбовите на каросеријата.

Светло за кривини со светло за свртување.

Дали возиш претпазливо? И Fabia вози така. Кај светлото за кривини, иновативните Би-халогенски фарови го следат текот на кривината согласно свртувањето на управувачот и се грижат за подобра видливост. Во оваа опција исто така е содржано и светлото за свртување. Притоа од одредено свртување на управувачот налево или надесно, автоматски се активира конкретниот фар за магла – логичка дополнителна функција на непрегледни крстосници, при свртување во неосветлени улици или при паркирање во темно.

Варијабилен под за товарење.

Варијабилниот под за товарење во багажниот простор е совршено наменет за сместување на предмети, кои се носат во возилото, а не се користат често. Освен тоа подот за товарење го доведува багажниот простор на исто ниво со работ на товарење. Тоа го олеснува ракувањето и пристапот до багажот.

Кожен управувач.

Кожниот управувач е достапен со 4 краци или во спортска изведба со 3 краци. Кај оваа опција исто така достапни се и менувач со копче и рачка на рачна сопирачка во кожа.

Ентериер од кожа и ткаенина Floss.

Елегантниот ентериер од кожа и ткаенина Floss доловува луксуз. Внатрешниот простор на твојата Fabia со оваа опција заслужува јасна пофалба.

Повеќенаменски управувач за радио-уред.

Повеќенаменскиот управувач за радио уред зад управувачот овозможува употреба на главни функции на авто-радио и мобилниот телефон, без да морате да ги симнувате рацете од управувачот. Тоа не само што го зголемува комфорот, туку и придонесува кон сигурноста на возењето.

Срeдишен потпирач за раце напред.

Средишниот потпирач за рацете помеѓу предните седишта е дополнителна опција и нуди 1,2 литри простор за сместување. Тој исто така може да се поставува во висина.

Мрежна преграда.

Мрежната преграда не создава само јасна поделба на просторот за багажот и патниците, туку и ги штити патниците при силно сопирање од недоволно прицврстениот товар. При спуштени/подигнати задни седишта мрежната преграда може да се постави и директно позади седиштето на возачот и совозачот.

Сензор за паркирање.

Задните сензори за паркирање го олеснуваат паркирањето таку каде што нема доволно простор. Доколку автомобилот се приближи до друг автомобил или некоја друга препрека, се јавува предупредувачки звучен сигнал.

Навигациски систем Amundsen

  • за Octavia(1Z) од KW 45/2008, Superb(3T), Yeti(5L) и Fabia/Roomster од MJ11
  • само за возила со подготовка за втор тјунер
  • регулирање со помош на 5“ дисплеј на допир во боја (TFT)
  • уредот поддржува приказ на мапи на FX платформа, навигациското CD не е составен дел на комплетот
  • TMC (Traffic Message Channel)
  • дополнителна илустрација на навигацијата и на голем дисплеј со точки MaxiDOT
  • можност за приклучување на надворешни аудио уреди (на пр. iPod) со помош на контактен приклучок Aux-in
  • илустрација на името на изведувачот, албумот и редоследот на песните кај MP3 датотеки, кои што ги содржат тие информации - можност за приклучок на CD менувач
  • можност за меморирање на навигациски податоци на SD картичка со помош на интегриран читач
  • CD механизмот репродуцира навигациско CD, аудио CD и CD-MP3 - не може да се користи кај возила со метализирано или загреано предно стакло
  • комплетот содржи: навигациски систем, GPS антена и упатство за монтирање

Радио Swing.

Музичкиот систем „Swing“ располага со CD-плеер, со кој може да се репродуцираат и MP3-датотеки, дигитален сигнален процесор со еквилајзер и голем дисплеј. Тука исто така оптичкисе прикажува на пр. и сигналот за сензорите за паркирање. Аудио конекторот за приклучување на iPod & Co. се грижи за музичко уживање без граници.

Систем за контрола на притисокот TPM.

За постојана контрола на притисокот во гумите се грижи ТРМ системот (Tyre Pressure Monitoring). ABS-сензорите го регистрираат намалувањето на вртежите на недоволно напумпаната гума. Контролната сијаличка на инструментната табла веднаш го регистрира овој дефект.

Стакла затемнети од Б-столбот - SunSet.

Стаклата затемнети од Б-столбот ја нагласуваат динамичната линиска изведба на Fabia Combi и притоа нудат заштита од љубопитни погледи.

Стилски сет.

Спортко-динамичниот стилски сет ја содржи следнава опрема:

  • преден спојлер
  • задна завеса
  • цевка за издувни гасови од полиран нерѓосувачки челик
  • кровен спојлер

Tempomat.

Tempomat е пред се резумно дополнување за оние возачи кои поминуваат доста време на пат. Поставувањето при тоа е многу едноставно: кога ќе ја постигнете посакуваната брзина со која што сакате да го продолжете возењето, активирајте го системот со едно лесно притискање на копчето на рачката под управувачот. Системот после тоа автоматски ја одржува посакуваната брзина.

Предни седишта со загревање.

Предните седишта што се загреваат се благодет во зимските месеци. За користење не е потребно ништо повеќе од едноставна рачка.