Простор за нозете во првиот ред.

Комфорната димензија на Fabia Combi ги поставува критериумите во нејзината класа. Без разлика дали има простор за нозете, главата или лактите: дури и високите луѓе имаат слободен простор на предните и задните седишта на Fabia Combi.

Место за твојот живот.

Без оглед на тоа дали станува збор за ќесите од супермаркет, дрво од Baumarkt или куферите за семејниот одмор, багажниот простор на Fabia Combi со 505 литри волумен за товарење нуди доволно простор во секоја ситуција. Интелигентната полица од багажниот простор со PRESS-функција едноставно се намотува со лесно допирање со лактовите дури и со полни раце.

Простор со систем.

Благодарение на практичните решенија за сместување и безбедност се има свое место во Fabia Combi. Куките за торби содржани во пакетот за сместување или мобилниот држач за торби на куќиштето за тркалата се само два примери за паметни детали, кои утврдуваат дека багажниот простор не е само просторен туку и корисен во однос на комфорот.

Мрежи.

Без разлика дали сте на секојдневен пат на работа или на пат на семеен одмор: практичниот комплет од мрежи гарантира дека се ќе остане таму каде што и треба.

Транспорт на големи предмети со мал напор.

Просторот за товарење на Fabia Combi е исклучително варијабилен. Доколку на пример сакаш да превезеш опрема за скијање, 1/3 од задниот ред на седишта може да се спушти нанапред. Така позади останува место за уште двајца патници. Исто така може да се спуштаат и подигаат 2/3 од клупата со седишта – за уште повеќе простор за сместување. Доколку седиштата се целосно спуштени или подигнати, просторот за товарење на Fabia Combi нуди волумен од 1.485 литри.

Eден автомобил – осум тркала.

Доколку четирите тркала на твојата Fabia Combi набрзина сакаш да ги замениш со двата планински велосипеди, и на тој предизвик ништо не му стои на патот. Со помош на носачите за велосипеди за багажнот простор можеш да ги превезеш двата велосипеди во внатрешниот простор на твојата Fabia Combi. Твоите велосипеди се на тој начин оптимално заштитени од кражба, ветер и невреме.