Инспирирај се.
Дизајнот на новата генерација на Fabia е претставен како силен, динамичен и созреан. Fabia Combi спектакуларно докажува дека атрактивната оптика и функционалноста можат оптимално да се надополнат.
Новото лице.
Маркантен преден дел, динамична линија, спортски детали - сето тоа го определува карактерот на автомобилот, кој се спротиставува на визуелната едноличност. Предниот дел на новата генерација на Fabia е силно истакнат со новодизајнираниот браник и фино изработената решетка за ладење. Хоризонталната линиска изведба дава оптичка широчина.
Експресивен.
Главните фарови во облик на бадеми се широко повлечени наназад и му даваат на возилото индивидуален, супериорен изглед. Би-халогенските фарови располагаат со дополнителни рефлекторски фарови во внатрешниот дел. Вкупно поголемата површина на осветлување овозможува подобро осветлување на патот.
Самосвесен поглед.
Динамичните фарови за магла нудат и функционална предност: интегрирано светло за дневно возење.
Непогрешливо Škoda.
Задните светла се маркантен препознатлив знак на прегледот одзади. Тие се дизајнирани така што возилото дури и во темнина и лоши временски услови е добро видливо. Задните светла укажуваат на типичната C-форма на Škoda.








