Релаксирачка атмосфера.

Квалитетно изработениот ентериер ти нуди простор за идеи. Многубројни варијанти на навлаки за седишта и бои на контролната табла стојат на располагање. Сите контролни елементи се прегледно подредени и едноставни за ракување, затоа што само така можеш при возењето сосема да се сосредоточиш на патот.

Простор со систем.

Со својот великодушен волумен на багажниот простор од 315 литри Fabia ги поставува критериумите во класата на мали возила. Багажниот простор можеш да го зголемуваш според твоите потреби: при целосно склопена задна клупа, максималниот волумен на товарење изнесува 1.180 литри.

Simply Clever.

Во комфорниот внатрешен простор на Fabia се си има свое место: од шишето за вода до очилата за сонце. Благодарение на паметните решенија за деталите во иднина нема повеќе да бараш, туку само да наоѓаш.

Врвно уживање.

Радио "танц" со MP3-компатибилен CD-плеер, аудио конектор за приклучување на iPod and Co., CD-менувач со 6 прегради и осум звучници. Звучи добро, што се има да понуди Fabia.

Кој нуди повеќе?

Во Fabia не мора да се откажеш од никаков комфор. Дали Tempomat, електронски регулиран клима-уред, уред за разговор со слободни раце со Bluetooth, предни седишта со загревање, автоматски менувач со 6 степени со Tiptronic или навигациски систем – избери ја онаа дополнителна опрема, која за тебе го сочинува комфорниот автомобил.