Безбедност и доверба.
Автомобилот не е само превозно средство. Строго земено ти му го доверуваш најважното што го имаш: твоето семејство, твоите пријатели, твојот живот. Затоа кај Škoda на тема безбедност има само еден јасен одговор: без компромиси!
ESP за сите – Безбедносна иницијатива на Škoda.
Во возило на Škoda не си само добро заштитен во случај на незгода, туку уште поважно: ние се грижиме за тоа ништо да не се случи. Програмата за контрола на пролизгувањето ESP и многуте други електронски системи за помош ти помагаат да ја задржиш контролата во возни динамични опасни ситуации. Сериска опрема во секоја нова Škoda. Бидејќи животот не е права линија.
Секогаш добро заштитени.
Воздушното перниче за возачот и совозачот кај Škoda се разбира спаѓаат во основна опрема. Исто така и страничните воздушни перничиња, кои се сместени во страничните ѕидови на предните седишта и ги штитат патниците во предниот дел од страничен удар.
Со перничиња за глава.
Воздушните перничиња за главата се активираат во секоја ситуација над вкупната ширина на прозорците, така што патниците на предните и задните седишта се добро заштитени.
Добро чувство.
Благодарение на Isofix подготовката на надворешните задни седишта и можноста за прицврстување за Top-Tether-појас, Fabia во моментот е најбезбедното возило за превезување на деца. За случај да сакаш да превезеш бебе во лулка за бебиња монтирана спротивно од правецот на возење, достапна е можност за деактивирање на совозачкото воздушно перниче.








