Новата ŠKODA Fabia

Ослободете ја имагинацијата, најдете го дизајнерот во Вас и креирајте го Вашето сопствено ремек дело. Ви дадовме сè што Ви треба за да го постигнете тоа. Во Visualizer, одберете ја бојата на каросеријата која најдобро одговара на Вашиот стил и употребете ColourConcept за да направите Вашиот автомобил навистина да се истакне. Изберете алуминиумски тркала за Fabia кои ги изразуваат Вашите идеи. Ротирајте го Вашиот автомобил 360 степени и откријте кој агол е најдобар. А сега, седнете внатре бидејќи внатрешноста чека да почнете да фантазирате. Кликнете на копчето "Почнете со возењето" и уживајте во Вашата виртуелна експедиција преку светот на Fabia. Потоа, можете да конфигурирате сопствен автомобил.

Причини зошто да ја одберете ŠKODA Fabia

Вашиот личен автомобил

Ги почитуваме поединечните потреби и барања на сите наши клиенти и правиме сè што можеме за да се прилагодиме кон нив. И токму затоа најважниот аспект – како ќе изгледа Вашиот автомобил – го оставивме на Вашата имагинација.

Новата ŠKODA Fabia ќе биде достапна во 15 бои за каросеријата. ColourConcept може да се користи за да се изберат разни комбинации за покривот, А-столбови, куќиштето за страничните огледала и 16” алуминиумски тркала. Достапни се четири комбинации на бои: бела, црвена, сребрена и црна.

Севкупно, нудиме 125 комбинации на бои, вклучувајќи и избор од четири шеми на бои за внатрешност.