Модели

2004 - Новата линија на успешната Octavia.

Octavia II блеска со освежениот дизајн, со поголемиот простор во внатрешноста и во багажникот и со најсовремената технологија. Елегантниот, безвременски дизајн, високиот квалитет и извонредната изработка оставаат силен впечаток.

2002 - Fabia и Octavia Praktik.

Возилата за достава во град на Škoda. По повеќегодишна пауза, Škoda повторно нуди комерцијални возила со каматни поволности . Како Fabia, така и Octavia се достапни под името Praktik, како возила за достава во град.

2002 - Superb. Новиот топ модел на Škoda.

Новиот Superb го претставува враќањето на Škoda во автомобилската висока класа. Елегантен дизајн, осмислени детали, висококвалитетни материјали и уникатна понуда на простор се залагаат за високото ниво на квалитет на Škoda. Со трите модели Fabia, Octavia и Superb, марката се вбројува кон еден од најреномираните производители на автомобили, а како и на почетокот на производството пред повеќе од 100години, така и сега се залага за најсовремената технологија.

2001 - Fabia Notchback го комплетира семејството на Fabia.

По Hatchback и Combi, Fabia е сега достапна и како Notchback верзија. Со тоа, семејството на Fabia е целосно. Со двата модели Octavia и Fabia, на Škoda и успеа да влезе во круговите на етаблираните производители на автомобили. Во меѓувреме, Škoda го потврди и сензационалното трето место во австриската статистика за регистрација на нови возила.

 

2000 - Fabia Combi. Голем автомобил во ниската класа.

Една година по Fabia Hatchback, малата Škoda сега можете да ја добиете и како Combi. На тој начин, Škoda за прв пат е застапена во класата на компактни возила со Combi. Големата понуда на простор и нејзината елеганција се одлики на Fabia Combi, којашто за брзо време се приврза за срцето на австријците.

1999 - Fabia претставува нова класа.

Со воведувањето на Fabia, којашто за прв пат се произведува на новата платформа, Škoda се пробива и во класата на компактни возила и притоа поставува нови стандарди. Овој нов стандард се отсликува во доделувањето на Goldenen 1 (Златниот бр. 1) на списанието Auto Bild во Австрија и во другите многубројни награди.

1998 - Škoda за прв пат произведува 400.000 возила

годишно, коишто се извезуваат во 70 земји ширум светот. Кон оваа впечатлива бројка придонесува успешниот модел Octavia, којшто во таа година беше надополнет со Combi-верзија.

1996 - Škoda во нови димензии.

На крајот од април 1996 година беше прославено производството на милионитото возило Škoda од петгодишното постоење на заедничката компанија. Истовремено успеа и етаблирањето на втората линија на модел во средната класa (Octavia) и конструирањето на халата за монтажа (модуларна фабрика) неопходна за таа цел и градена според најсовремените критериуми.

1991 - Спојувањето со Volkswagen.

По политичкиот пресврт во 1989 година, Škoda во Mlada Boleslav под новите пазарно-економски услови започна да бара силен странски партнер, за долгорочно да ја осигура компанијата и за повторно да стане меѓународно конкурентна компанија. Во декември 1990 година, чешката влада се одлучи за Volkswagen, а на 16. април 1991 новата заедничка компанија ја започна својата дејност како Škoda automobilova a. s. Во 1994 година досегашната линија на модели беше надополнета со Škoda Felicia, којашто во поглед на квалитетот и стајлингот соодветствуваше со меѓународните стандарди, а беа произведени над 1,4 милиони возила .